Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

ОРГАНОГРАМ

 

Внатрешна организација на ОС Гостивар

 Претседател на судот e Ељеса Алији

Заменик на Претседателот на судот, е судија Мирослав Петроски

Одговорно лице за односи со јавност - Портпарол на судот, е судија Емине Мурати.

 

ОРГАНИЗАЦИЈА НА СУДОТ ПО ОДДЕЛИ

            Работата во судот се организира во два судски оддели Кривичен и Граѓански оддел.

Претседател на Граѓанскиот оддел е судија Мирослав Петроски.

Претседател на Кривичен оддел е судија Драгослава Веселинова.

           

КРИВИЧЕН ОДДЕЛ

       Во Кривичниот оддел се постапува по кривични предмети против полнолетни лица, по предмети против малолетни лица, по прекршочни предмети, по предмети за извршување на санкции и други предмети согласно уписниците од Судскиот деловник.

        

 

Судијата Магдалена Мишоска според годишниот распоред за работа постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, по предмети за оцена на обвинителен акт

Судијата Виолета Нофитоска според годишниот распоред за работа постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, по предмети за оцена на обвинителен акт

Судијата Драгослава Веселинова според годишниот распоред за работа постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, по предмети за оцена на обвинителен акт

 Судијата Ќирко Михајлоски според годишниот распоред за работа постапува по предмети во надлежност на судија на претходна постапка, по предмети за извршување на санкции  и по прекршочни предмети.

 Судијата Ваиде Арслани според годишниот распоред за работа постапува по кривични предмети за  малолетници, прекршочни предмети и како Претседател на Совет за малолетници.

Судијата Мерита Алиу според годишниот распоред за работа постапува по прекршочни предмети .

Судијата Феми Арслани според годишниот распоред за работа постапува по прекршочни предмети.

 

 

ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ

           Во Граѓанскиот оддел се постапува по предмети помеѓу правни и физички лица и тоа: предмети од имотни спорови, трговски спорови, работни спорови, семејни спорови, облигациони спорови, спорови од мала вредност, предмети по платни налози, по приговори и жалби против решение донесено од нотарите, како и предмети по истите основи (парнични предмети) кои произлегуваат од стечајните постапки согласно чл.93-а од Законот за стечај (Сл.Весник на РМ бр.79/13), стечајни, ликвидациони предмети, вонпарнични и оставински предмети, предмети по Закон за обезбедување на побарувања, Законот за извршување, привремени мерки по Закон за семејство и судски депозит согласно Судскиот деловник.

 

 

Судија Јетмир Хамзаи според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети.

Судија Јагода Богданоска според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети.

Судија Мирослав Петроски според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети.

Судија Бетим Илази според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети.

Судија Теодора Евтимовска Бојковска според годишниот распоред за работа постапува по парнични предметиМоментално е делегирана во Основен суд Тетово

Судија Павле Рафајлоски според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети - Моментално е делегиран во Основен суд Кичево

Судија Весна Попоска според годишниот распоред за работа постапува по граѓански предмети.

Судија Реџеп Асани според годишниот распоред за работа постапува  стечајни предмети .

           Судија Илјаз Исмаили според годишниот распоред за работа постапува по вонпарнични предмети-Моментално е делегиран во Основен суд Кичево

 

СУДСКИ ПИСАРНИЦИ

Административното постапување по предметите во рамките на одделите се врши во судски писарници.

Во рамките на кривичниот оддел работата по предметите се врши во: кривична писарница, прекршочна писарница и писарница за извршување на санкции.

Во рамките на граѓанскиот оддел работата по предметите се врши во: парнична писарница, писарница за трговски спорови и стечај, писарница за платни налози и вонпарнична и оставинска писарница.

Приемот на писмената се врши во приемната писарница.

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_