Автоматско објавување на информации за јавните набавки на Основниот суд Кичево
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Автоматско објавување на информации за јавните набавки на Основниот суд Кичево
Новости
|
04.2.2020
Автоматско објавување на информации за јавните набавки на Основниот суд Кичево
Бирото за јавни набавки, Секторот за следење на системот на јавните набавки и управување со ЕСЈН во Јуни 2018 година направи подобрување со кое се овозможува автоматско објавување на огласите и известувањата за склучени договори за јавните набавки на интернет страниците на институциите.
Целта на оваа промена е да се автоматизира процесот, односно да се прикажуваат податоците за јавните набавки по објавување на годишниот план, оглас, известување за склучен договор и известување за реализиран договор на ЕСЈН.
Сите овие промени се достапни на страницата на Основен суд Кичево во делот „Јавни набавки“