Јавен оглас за вработување 1/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување 1/21

Новости  |  25.1.2021

Врз основа на чл.18 ст.1 ал.2 и ст.6 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) в.в.чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи, Основен суд Кичево објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/21

 

1. За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2021 година за следните работни места:

 

      1.1. Судски референт -дактилограф 4 (четири) извршители

 

Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:

  • најмалку средно или вишо образование
  • најмалку една година работно искуство во струката
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 17.167,00 денари

  • Работни часа – 40 неделно
  • Работни денови: од понеделник до петок
  • Работно време од 07.30 до 15.30 часот
  • Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот

     

       1.2. Помлад судски референт-доставувач 1 (еден) извршител

 

Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:

  • најмалку средно или вишо образование
  • со или без работно искуство во струката
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.900,00 денари

  • Работни часа – 40 неделно
  • Работни денови: од понеделник до петок
  • Работно време од 07,30 до 15.30 часот
  • Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот

 

2. За вработување на судски службеници на определено време до 31.03.2021 година за следните работни места

 

      2.1. Помлад судски референт-извршител во писарница 3 (три) извршители

 

Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:

  • најмалку средно или вишо образование
  • со или без работно искуство во струката
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.900,00 денари

  • Работни часа – 40 неделно
  • Работни денови: од понеделник до петок
  • Работно време од 07,30 до 15.30 часот
  • Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот

Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Кандидатите се должни да поднесат Пријава за вработување на судски службеник која можат да ја подигнат од архивата или веб-страната на судот www.oskicevo.mk

Рокот за пријавување трае 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (не сметајќи го денот на објавување). 

Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови кандидатите се должни да ги доставaт преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака “за Оглас бр.1/21“, на следната адреса: Основен суд Кичево, ул.„Булевар ослободување“ бр.17  Кичево

Ненавремена, нецелосна и неуредно пoполнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

                                                                                                                                                     ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО

 

 

Пријава за вработување на судски службеник 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_