ЈАВЕН ОГЛАС Бр.1/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.1/19

Новости  |  04.11.2019

         Основен суд Кичево распишува Јавен оглас за вработување на Виш судски референт, Самостоен  Судски референт и Помлад судски референт.

           Врз основа на чл.21 и чл.25 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас (Службен весник на РМ бр.236/18), Основниот суд во Кичево објавува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С   БР. 1/19

 

             За вработување на судски службеници на неопределено време на следните работни места:

 

         1. Виш судски референт- шифра на работно место СУД0101Г02001, категорија Г, ниво Г2-1 (еден) извршител

  • Посебни услови:- најмалку вишо или средно образование и најмалку две години работно искуство во струката;
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски);
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба ( Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).
  • Нето платата ќе изнесува 17.800,00 денари
  • Работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

 

           2. Самостоен Судски референт -Технички секретар на Претседателот на судот - шифра на работно место СУД0101Г01001 категорија Г, ниво Г1 - 1 (еден) извршител

  • Посебни услови: најмалку вишо или средно образование и најмалку три години работно искуство во струката
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба ( Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).
  • Нето платата ќе изнесува 18.700,00 денари
  • Работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

 

          3. Помлад судски референт - доставувач - шифра на работно место СУД0101Г04001 категорија Г, ниво Г4 - 1 (еден) извршител

  • Посебни услови: најмалку вишо или средно образование со или без работно искуство во струката
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).
  • Нето платата ќе изнесува  15.600,00 денари
  • Работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

            Покрај наведените посебни услови, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) и тоа:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик ,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место ,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност,

 

          Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот на адреса ул: „Булевар Ослободување„ бр.17 Кичево со назнака до Комисија за избор на судски службеници за оглас бр.1/19 заедно со сите потребни документи во оригинал или заверен кај нотар.

         Пријавата може да се подигне во архивата на судот или Веб страната на судот (www.oskicevo.mk) и мора да биде пополнета во целост, прецизно и со точни податоци.                 

           Кандидатот кој внесол лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошна постапка.

           Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници.

       

        Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на Веб страната на судот (www.oskicevo.mk)

                                                         

                                                                                                Основен суд Кичево

 

Пријава за вработување на судски службеник 

                                             

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_