Јавен оглас за вработување 1/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување 1/20

Новости  |  14.10.2020

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 1/20

          Врз основа на  чл.18 ст.1.ал.2 и ст.6, чл.21, чл.25 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) в.в. со чл.22 и 23 од ЗРО (Службен весник бр.74/15 и бр.120/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас (Службен весник на РМ бр.236/18), Основниот суд во Кичево објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С   БР.1/20

1. За вработување на судски службеници на неопределено работно време на следните работни места:

1.1. Виш судски референт - шифра на работно место СУД0101Г02001, категорија Г, ниво Г2 - 1 (еден) извршител

  • Посебни услови:- најмалку вишо или средно образование и најмалку две години работно искуство во струката;
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски);
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).
  • нето платата ќе изнесува 17.800,00 денари
  • работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

1.2. Самостоен Судски референт -Технички секретар на Претседателот на судот - шифра на работно место СУД0101Г01001 категорија Г, ниво Г1- 1 (еден) извршител

  • Посебни услови: најмалку вишо или средно образование и најмалку три години  работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).
  • нето платата ќе изнесува 18.700,00 денари
  • работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

1.3. Помлад судски референт - доставувач - шифра на работно место СУД0101Г04001 категорија Г, ниво Г4- 1(еден) извршител

  • Посебни услови:- најмалку вишо или средно образование со или без работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).
  • нето платата ќе изнесува  15.900,00 денари
  • работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

2. За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2020 година за следните работни места:

2.1. Судски референт - дактилограф 4 (четири ) извршители

Посебни услови - потребни стручни кавалификации и компетенции:

  • најмалку средно или вишо образование
  • најмалку една година работно искуство во струката
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
  • Платата на судскиот службеник ќе изнесува 17.167,00 денари
  • работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

          Покрај наведените посебни услови, заинтересираните кандидати за  работните места наведе ни во точките „1“ и  „2“ , треба да ги исполнуват и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) и тоа:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место ,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност ,

          Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот на адреса ул:„Булевар ослободување„ бр.17 Кичево со назнака до Комисија за избор на судски службеници за оглас бр.1/20, заедно со сите потребни документи во оригинал или заверен кај нотар.

         Пријавата може да се подигне во архивата на судот или Веб страната на судот www.oskicevo.mk) и мора да биде пополнета во целост, прецизно и со точни податоци.                 

          Кандидатот кој внесол лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошна постапка.

       Огласот за вработувавањата на неопределено работно време наведени под точка „1“ трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници.

        Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на Веб страната на судот www.oskicevo.mk.

        Рокот за пријавување за вработувањата на  определено работно време , наведено под точка „2“ е 5 работни дена, од денот на последното објавување во дневен весник (без да  се смета денот на објаувување), а изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена од истекот на рокот за пријавување    

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        Основен суд Кичево

 

Пријава за вработување на судски службеник 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_