Оглас за избор на судии - ПОРОТНИЦИ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за избор на судии - ПОРОТНИЦИ

Новости  |  07.6.2022

Основен суд Кичево

Су04.бр.39/22

01.06.2022

Кичево

О Г Л А С

за избор на 15 судии-поротници во Основен суд Кичево

 

I. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:

  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

     -„Судијата поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на млади.“

II. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

III. Заинтересираните кандидати потребно е кон пријавата (која може да ја подигнат од приемната писарница или да ја симнат од WEB страната на Основниот суд Кичево) да приложат, во оригинал или копии со заверен препис на нотар:

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  • Уверение за завршено образование;
  • Потврда од казнена евиденција; (издадена од суд според местото на раѓање)
  • Изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија –поротник во Основниот суд во Кичево и со член на Судскиот Совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.  

IV. Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Кичево (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса „Бул.Ослободување“ бр.17, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

 

Линк за пријава

                                                                                                               

                                                                                                                        ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_