Јавен оглас бр.1/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.1/22

Новости  |  17.1.2022

Јавен оглас за вработување на судски службеници на определено време

          Основен суд Кичево, врз основа на чл.18 ст.1 ал.2 и ст.6 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) в.в.чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи, и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Кичево, на ден 13.01.2022 година објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/22

 

1.За вработување на судски службеници и работник на определено време до 31.12.2022 година за следните работни места:

 

1. Судски референт -дактилограф 4 (четири) извршители

Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:

  • најмалку средно или вишо образование
  • најмалку една година работно искуство во струката
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 16.446,00 денари

  • Работни часа – 40 неделно
  • Работни денови : од понеделник до петок
  • Работно време од 07.30 до 15.30 часот

           

2. Помлад судски референт-доставувач 1 (еден) извршител

Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:

  • најмалку средно или вишо образование
  • со или без работно искуство во струката
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.900,00 денари

  • Работни часа – 40 неделно
  • Работни денови: од понеделник до петок
  • Работно време од 07,30 до 15.30 часот

 

3. Помлад судски референт-извршител во писарница 4 (четири) извршители

Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:

  • најмалку средно или вишо образование
  • со или без работно искуство во струката
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.900,00 денари

  • Работни часа – 40 неделно
  • Работни денови: од понеделник до петок
  • Работно време од 07,30 до 15.30 часот

 

4.Курир  -1 (еден) извршител

Потребна стручна подготовка:

  • средно или основно образование
  • со или без работно искуство

Платата на работникот  ќе изнесува 15.194,00 денари

  • Работни часа – 40 неделно
  • Работни денови: од понеделник до петок
  • Работно време од 07,30 до 15.30 часот

Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • да е полнолетен
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да има општа здравствена способност за работното место
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава за вработување на судски службеник која можат да ја подигнат од архивата или веб-страната на судот www.oskicevo.mk

Рокот за пријавување трае 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (не сметајќи го денот на објавување).

Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови кандидатите се должни да ги доставaт преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака “за Оглас бр.1/22“, на следната адреса: Основен суд Кичево, ул.„Булевар ослободување“ бр.17  Кичево

Ненавремена, нецелосна и неуредно пoполнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

           

            `                                                                                                                               ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО

 

 

Пријава за вработување на судски службеник 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_