Слободен пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Слободен пристап до информации

Слободен пристап до информации од јавен карактер

 Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Основни поими:

- "иматели на информации" се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интерес и политичките партии во делот на приходите и расходите,

- "информација од јавен карактер" е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.

 - "барател на информација" е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон.

- "документ" е секој запис на информација без оглед на нејзината физичка форма или карактеристики, пишан или печатен текст, карти, шеми, фотографии, слики, цртежи, скици, работни материјали, како и звучни, гласовни, магнетски или електронски, оптички или видео снимки во која било форма, како и пренослива опрема за автоматска обработка на податоци со вградени или преносливи мемории за складирање на податоците во дигитална форма,

 - "службено лице" е лице вработено кај имателот на информации назначено со акт на одговорното лице, кое посредува со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага имателот на информации согласно со неговите надлежности, односно дејности,

 - "тест на штетност" е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со членот 6 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на информацијата и

 - "јавен интерес" во остварувањето на правото на пристап до информации подразбира, но не се ограничува, на интерес за информации, со чие што објавување, односно остварување пристап: 1) ќе се открие злоупотреба на службена положба и коруптивно однесување; 2) ќе се открие противправно стекнување или трошење на буџетски средства; 3) ќе се открие потенцијален судир на интереси; 4) ќе се спречат и откријат сериозни закани по здравјето и животот на луѓето; 5) ќе се спречи и открие загрозување на животната средина; 6) ќе се помогне да се разбере прашањето за кое се креира јавна политика или се води парламентарна дебата и 7) ќе се овозможи еднаков третман на секој граѓанин пред законите.

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:

1) информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на класификација;

2) личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;

3) информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;

 4) информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;

5) информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост(патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потекло на производот).

ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис. Барателот е должен во барањето да се произнесе за начинот на натамошната комуникација со имателот на информацијата и тоа усно, во писмена форма или во електронска форма. Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.

 Усно барање- Ако барателот бара пристап до информација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата, на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува записник, освен ако се работи за информации од членот 6 став (1) на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Писмено барање - За писменото барање за пристап до информации одлучува имателот на информации во постапка утврдена со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За прашања на постапката кои не се уредени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

 Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации. Барањето во ектронска форма се смета за писмено барање од член 14 на  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и друг закон.

  

Образецот (БАРАЊЕ) за пристап до информации од јавен карактер можете да го превземете подолу.

 

 


 Преземање

Контакт

Катерина Фудулски

Фиксен телефон:
033 274026
Мобилен телефон:

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_