СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Risi  |  17 Pri 2025

С О О П Ш Т Е Н И Е

По поднесените предлози за определување на мерка притвор а врз основа на донесена Наредба за истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година  на ОЈО Кочани, од страна на Судија на претходна постапка беа определени вкупно 24-дваесет и четири  мерки за обезбедување на присуство –притвор, од кои по изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а  во понатамошниот тек од постапката  по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор.

Спрема сите осомничени по дадените предлози за определување мерка за присуство по донесената Наредба за спроведување ан изтражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година од страна на ОЈО Кочани, беше доставен предлог за продолжување на овие изречени мерки до Основен суд Кочани и по вака изјавените предлози за продолжување на претходно определените мерки за обезбедување на присуство се постапува во определените законски рокови.

По поднесените предлози за определување на мерки за обезбедување на присуство а врз основа на донесена Наредба за проширување на истражна постапка за нови лица  Ко бр.180/25 од 12.04.2025 година  на ОЈО Кочани,спрема 19-деветнаесет  осомничени од кои за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на Судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема 8-осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата Судијата на претходна постапка беше определена спрема овие 8-осум осомничени, додека спрема 7-седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените.

По изјавени жалби од страна на осомничените, Советот од чл. 25 ст.5 од ЗКП при Основен суд Кочани постапува по истите во законски предвидениот рок и кога ќе бидат донесени одлуки од овој Совет, судот повторно ќе даде соопштение за исходот од постапувањето Советот од чл. 25 став 5 од ЗКП.

                                                                    Основен суд Кочани

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_