ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/2018

Новости  |  28.12.2018

 

ОСНОВЕН СУД

-КОЧАНИ

СУ-2017/18

26.12.2018 година

 

 

            Врз основа на чл.21 и чл.25  од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/14,98/15,6/16 и 198/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас(Сл.весник на РМ бр.236/18) Основниот суд Кочани објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2018

за вработување на судски службеник 1 извршител за следното работно место

 

   1.Сметководител со звање самостоен референт од категорија Г,ниво Г1,1 (еден)  извршител.

 

2.Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

    Општи услови од чл.21 од Законот за судска служба

       1.Да е државјанин на Р.Македонија;

       2.Активно да го користи Македонскиот јазик

       3.Да е полнолетен;

       4.Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија,дејност или должност;

       5.Да има општа здравствена способност на работнот место.

 

    Посебни услови предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Основен суд Кочани .

        .-најмалку више или средно образование од економска или друга соодветна област;

           -најмалку 3 години работно искуство во струката;

-активно познавање на еден од трите најчести користени јазици на Европската унија (англиски,француски и германски),активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 

3.Рок за пријавување

Кандидатите пријава за вработување на судски службеник и базата на прашања за полагање на писмениот испит можат да ги симнат од веб-страната на Основен суд Кочани www.oskocani.mk.

 

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост,прецизно и со точни податоци.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дискфалификува од натамошната постапка.

Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневите весници.

Поплнетата пријава во писмена форма и бараните докази кандидатите се должни да ги достават преку архивата на судот или по пошта на адреса Основен суд Кочани,ул.Никола Карев бр.4 Кочани.

 

Кон пријавата кандидатите задолжително ги доставуваат следните докази:

-уверение за државјанство

-уверение/диплома за завршен степен на образвание

-Лекарско уверение за општа здравствена состојба за работнот место

-потврда за работно искуство во струката

- Кандидатите познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски,француски и германски) и на компјутерските програми за канцелариско работење го докажуваат со приложување на доказ (диплома,сертификат,уверение).

 

-Кон пријавата кандидатите можат да ги достават следните докази:

 

-Извод од историјат на вработување доколку кандидатот бил претходно вработен издаден од Агенција за вработување

-Препорака од претходните работни места кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува

-Потврди за посетување обуки,стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализирани трудови и публикации

-Потврда за реализиран волонтерски стаж во институциите на јавен сектор,издадена од волонтерскиот регистар на Министерство за труд и социјална политика,а потпишана од раководно лице на институцијата.

 

Кандидатите кои се уредно пријавени на огласот ке се известат за спроведување на испитот кој се состои од писмен дел,а со кандидатите кои ги исполнуваат условите ке се спроведе интервју.

На усменото интервју ке учествуваат најмногу пет пати повеке кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката за селекција за вработување,а кои биле најдобро рангирани на листата.

 

 Времето и датумот на одржување на административната селекција,испитот и интервјуто се објавуваат на инернет страницата на Основен суд Кочани.

 

 

ОСНОВЕН СУД КОЧАНИ

                                                     Претседател на судот

                                                     М-р Дарко Ристов

 

 

Пријава за вработување на судски службеник

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_