Надлежност
а) Стварна надлежност
Основниот суд во Кратово е првостепен суд со основна надлежност за подрачјата за кои е основан, и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
– за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
– за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
– за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
– за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основниот суд во Кратово како суд со основна надлежност е надлежен да одлучува во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
– за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
– за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
– за законска издршка,
– за чување и воспитување на деца,
– за смеќавање на владение,
– за доживотна издршка,
– за надоместок на штета која не надминува 50.000 евра во денарска противвредност,
– во постапка за обезбедување и извршување,
– за работни односи,
– во спорови од наследно-правни односи,
– во вонпарнични и оставински работи и
– за други работи утврдени со закон.
б) Месна надлежност
Основниот суд во Кратово е месно надлежен за подрачјето на општината Кратово
Закон за судовите