Јавен оглас бр.2-25 за вработување на 7 судски службеници на определено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.2-25 за вработување на 7 судски службеници на определено време

Известувања  |  31.1.2025
Јавен оглас бр.2-25 за вработување на 7 судски службеници на определено време

 

ОСНОВЕН СУД КРАТОВО

СУ-04.бр.10/25

29.01.2025 година

К   р   а   т   о   в   о

 

Врз основа на член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба и чл.22 и 23 од Законот за работните односи, Основниот суд Кратово објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/25

за вработување на 7 (седум) судски службеници на определено време до 31.03.2025 година

за следните работни места:

 

1.Самостоен судски референт – Технички секретар на претседателот на судот, категорија „Г“ ниво „Г-1“

- 1 (еден) извршител

2. Самостоен судски референт – Водител на писарница, категорија Г ниво Г-1- 1 (еден) извршител

3. Судски референт – Дактилограф, категорија „Г“ ниво „Г-3“ - 2 (двајца) извршители

4. Судски референт – за прием и експедиција на пошта, категорија „Г“ ниво „Г-3“ - 1 (еден) извршител

5. Судски соработник – категорија „В“ ниво „В-3“,- 1 (еден) извршител

6. Помлад судски соработник - категорија „В“ ниво „В-4“,- 1 (еден) извршител

 

Посебни услови за работните места под точка 1 и 2 се:

Стручни квалификации: најмалку средно или вишо образование,

Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката, (доказ: соодветна потврда за работниот стаж издадена од надлежна институција)

Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски или германски).

  •  кои се докажуваат со приложување на соодветен доказ (диплома, сертификат, уверение).

 

Посебни услови за работните места под точка 3 и 4 се:

Стручни квалификации: најмалку средно или вишо образование

Работно искуство: најмалку  1 година работно искуство во струката (доказ: соодветна потврда за работниот стаж издадена од надлежна институција)

Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски и германски)  - кои се докажуваат со приложување на соодветен доказ (диплома, сертификат, уверение).

 

Посебни услови за работното место под точка 5 се:

потребни стручни квалификации и компетенции:

- најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен правен факултет VII/1 степен и положен правосуден испит (доказ: уверение за дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование VII/1 степен на правни студии или за дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) и уверение за положен правосуден испит)

- најмалку 1 (една) година работно искуство во струката (доказ: соодветна потврда за работниот стаж издадена од надлежна институција)

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), ( доказ: диплома, сертификат, уверение)

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење ( доказ: диплома, сертификат, уверение)

 

Посебни услови за работното место под точка 6 се:

потребни стручни квалификации и компетенции:

- најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен правен факултет VII/1 степен (доказ: уверение за дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование VII/1 степен на правни студии или за дипломиран правник со стекнати 240 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС))

- со или без работно искуство во струката

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), ( доказ: диплома, сертификат, уверение)

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (доказ: диплома, сертификат, уверение)

 

За сите работни места:

дневно работно време: 8 часа - од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот. Неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;

Времетраење на работниот однос: определено до 31.03.2025 година.

 

Основна нето плата на судскиот службеник:

- за работните места со звање „Самостоен судски референт“под точка 1 и 2 изнесува: 29.477,00 денари,

- за работните места со звање „Судски референт“ под точка 3 и 4 изнесува: 27.075,00 денари.

- за работното место со звање „Судски соработник“ под точка 5 изнесува: 39.419,00 денари

- за работното место со звање „Помлад судски соработник“ под точка 6 изнесува: 35.905,00 денари

 

Покрај посебните услови, кандидатот за секое од работните места потребно е да ги исполнува и следните општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија (уверение за државјанство не постаро од 6 месеци)

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен,

- да има општа здравствена способност за работното место (лекарско уверение издадено од специјалист по медицина на трудот - не постаро од 6 месеци)

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна - Забрана за вршење на професија, дејност или должност ( уверение  - не постаро од 6 месеци)

Пријавата за вработување може да се подигне на приемното одделение во судот или од интернет страницата на Основен суд Кратово www.oskratovo.mk и истата пополнета заедно со приложени докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар да се достават во писмена форма во приемното одделение на Основен суд Кратово или по пошта на адреса: Основен суд Кратово, ул.„Јосиф Даскалов“ бб, Кратово, со назнака: „ЗА ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/25“. 

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

 

Рокот за поднесување на пријавата е 3 (три) работни дена сметано од денот на последното објавување на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето).

 

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување, согласно со општите прописи за работни односи.

                                                                                                               

ОСНОВЕН СУД КРАТОВО

 

Пријава за вработување на јавен оглас

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_