ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВЕН СУД КРАТОВО НА НАСТАН ВО ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВЕН СУД КРАТОВО НА НАСТАН ВО ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВЕН СУД КРАТОВО НА НАСТАН ВО ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
На ден 29.11.2024 година (петок) во 12:00 часот во Свечената сала на Врховниот суд на Република Северна Македонија се одржа презентација на извештаите од посетите на судовите од страна на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Претседателот на Основен суд Кратово – судија Мирослав Георгиевски присуствуваше на овој настан, каде што Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, ги презентираше констатациите и заклучоците од остварените посети на сите судови и истиот настан беше одлична можност да се разменат искуства со претседателите на судовите во Република Северна Македонија, а во насока на заложбите за независност на судството од законски, функционален и финансиски аспект.
Во прилог може да го погледнете делот од презентираниот извештај од страна на Претседателката на Врховниот суд, а кој што се однесува на моменталната состојба во Основниот суд Кратово.
Прилог: Извештај од Врховен суд - за ОСКратово - октомври 2024