Јавен оглас бр.3-25 за вработување на 1 судски службеник на определено [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.3-25 за вработување на 1 судски службеник на определено

Известувања  |  11.2.2025
Јавен оглас бр.3-25 за вработување на 1 судски службеник на определено

 

ОСНОВЕН СУД КРАТОВО

СУ-04.бр.16/25

10.02.2025 година

К   р   а   т   о   в   о

 

Врз основа на член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба и чл.22 и 23 од Законот за работните односи, Основниот суд Кратово објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/25

за вработување на 1 (еден) судски службеник на определено време до 31.03.2025 година

за следното работно место:

 

 

1. Судски референт – Дактилограф, категорија „Г“ ниво „Г-3“

 

Посебни услови за работното место се:

Стручни квалификации: најмалку средно или вишо образование

Работно искуство: најмалку 1 година работно искуство во струката (доказ: соодветна потврда за работниот стаж издадена од надлежна институција)

Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски и германски)  -  се докажуваат со приложување на соодветен доказ (диплома, сертификат, уверение).

 

дневно работно време: 8 часа - од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот. Неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;

 

Времетраење на работниот однос: определено до 31.03.2025 година.

 

Основна нето плата на судскиот службеник изнесува: 27.075,00 денари.

 

Покрај посебните услови, кандидатот за работното место потребно е да ги исполнува и следните општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија (уверение за државјанство не постаро од 6 месеци)

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен,

- да има општа здравствена способност за работното место (лекарско уверение издадено од специјалист по медицина на трудот - не постаро од 6 месеци)

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна - Забрана за вршење на професија, дејност или должност (уверение  - не постаро од 6 месеци)

Пријавата за вработување може да се подигне на приемното одделение во судот или од интернет страницата на Основен суд Кратово www.oskratovo.mk и истата пополнета заедно со приложени докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар да се достават во писмена форма во приемното одделение на Основен суд Кратово или по пошта на адреса: Основен суд Кратово, ул.„Јосиф Даскалов“ бб, Кратово, со назнака: „ЗА ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/25“. 

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

 

Рокот за поднесување на пријавата е 3 (три) работни дена сметано од денот на последното објавување на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето).

 

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување, согласно со општите прописи за работни односи. 

 

                                                                                                       Основен суд Кратово 

 

Пријава за вработување на јавен оглас

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_