Основен суд Кратово најдобро рангиран според Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Основен суд Кратово најдобро рангиран според Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер
Ја известуваме јавноста дека Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер го достави Извештајот со резултатите од извршениот Мониторинг на веб страниците на имателите од основните, апелационите судови, како и Вишиот управен суд, Управниот суд, Врховниот суд и Судскиот совет на РСМ, кој што мониторинг беше спроведен во периодот од 15 април до 15 мај 2024 година.
При тоа, во овој извештај беше утврдено дека само два од имателите имаат висок степен на транспарентност во однос на објавените информации од сите 35 мониторираните иматели, и тоа Основниот суд Кратово, кој и во 2022 година, беше единствениот имател кој тогаш беше оценет со средно ниво на транспарентност.
Во овој извештај можеме да направиме и споредбена анализа на проактивната транспарентност на мониторираните иматели, согласно резултатите добиени со мониторингот во 2022 година. И тогаш и сега најдобро рангиран имател е Основниот суд Кратово, кој во однос на проактивно објавените информации на својот портал, има најмногу објавени информации согласно членот 10 од Законот за СПИЈК.
Кога имателите на информации од јавен карактер се отворени кон јавноста, граѓаните непречено дознаваат што и како работат органите на државната власт и другите установи и институции, во конкретниот случај судовите во РСМ. Со тоа им се овозможува равноправно да учествуваат во јавниот живот и континуирано да го контролираат работењето на властите.
Основниот суд Кратово и понатаму останува на врвот во судството со висок степен на транспарентност во однос на објавените информации и доследен во спроведување на својата законска обврска за проактивно објавување на информации од јавен карaктер што претставува еден од условите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството.
На линкот подолу можете да го превзмете извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.