Ковид 19- Протокол [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Ковид 19- Протокол

Новости  |  15.12.2020
Ковид 19- Протокол

Република Северна Македонија

Основен суд Кратово

СУ-76/20

14.12.2020 година

 

 

 

Протокол за спроведување на мерки за заштита од Ковид - 19 во Основен суд Кратово

 

 

     1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

1.1 Телесна температура

 

• согласно здравствени стандарди, нормална телесна температура кај лице се смета температура од 36 до 37 C со која слободно може да се влезе во судската зграда;

• на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура од 37.1 до 37.2 C му се укажува дека треба да чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (можност од евентуално телесно загревање од самото доаѓање до судската зграда) и доколку по второто мерење се констатира нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во судската зграда;

• на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура над 37.2 C, не му се дозволува влез во судската зграда;

сите вработени и странки се должни да во случај на покачена телесна температура или здравствени проблеми и сомнежи на респираторна инфекција, веднаш да се јават на својот матичен лекар;

  

1.2 Средства за дезинфекција

 

• средства за дезинфекција, посочени од страна на Министерството за здравство, како соодветни за дезинфекција на рацете и обувките, со назнака за задолжително дезинфицирање се поставуваат пред влезовите во судската зграда и во судниците;

 

1.3 Заштитни маски

 

носењето на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето е задолжително за сите вработени и странки кои се наоѓаат во било која просторија во судската зграда;

• доколку вработените или странките при влезот во судската зграда не поседуваат хигиенска заштитна маска, на истите на истите нема да им биде дозволен влез во судската зграда, освен кога се работи за лица, кои се спроведуваат во Судот од страна на полицијата или припадниците на затворската полиција, во кој случај, заштитната маска ќе им биде обзбедена од страна на судската полиција;

 

1.4 Социјална дистанца

• одржувањето на социјална дистанца (нема ракување, прегрнување или било каков друг контакт) и држење растојание (физичка дистанца) која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица е задолжително во сите простории во судската зградата, 

За претходно наведеното, Судот обезбеди соодветни предупредувања, за вработените и странките, кои се поставени на влезот во судската зграда, како и на влезовите на секој внатрешен ходник,

 

1.5 Електронска комуникација

 

• се охрабруваат странките доколку за тоа имаат технички услови да ги користат судските ВЕБ портали, каде ќе се регистрираат и своите поднесоци ќе ги доставуваат по електронски пат, или доколку немаат технички услови за тоа, поднесоците и барањата да ги испраќаат исклучиво по пошта;

• се охрабруваат странките за помош да ги користат службените телефони или официјалната електронска пошта (e-mail) на судот;

• се охрабруваат странките сите барања за издавање на уверенија и другите судски акти, односно барања за издавање на другите евиденции од судот, да се прават преку поднесено барање по електронски пат во прилог со скенирана уплатница или по пошта;

• Воедно се напоменува на странките дека Судот нема услови за електронски прием на барања за Уверенија / Потврди од Казнена/Кривична и прекршочна евиденција, но обезбедени се сите други услови за заштита на барателите кои преку непосреден пристап на шалтерот доставуаат барања 

 

 

 

 2. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

 

2.1 Влез во судската зграда

Пред влегување во судската зграда, сите треба да ги поминат здравствено-безбедносни мерки и тоа:

• задолжително држење растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

• задолжителна дезинфекција на рацете со дезинфекционо средство поставено на влезот на зградата, односно со прскање на истото на рацете од страна на судската полиција;

• задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

• задолжително да биде измерена температурата со безконтактен топломер;

• задолжително да поминат на безбедносниот преглед преку метал-детектор;

• задолжително по поминувањето на здравствено-безбедносните мерки, странките да се пријават на судската полиција со соодветни документи за лична идентификаја со покана за судење, односно со наведување на причините за доаѓање во судот;

Судската полиција е должна во случај на непридржување кон здравствено-безбедносни мерки да опоменува, а во случај на непочитување на овие мерки да не дозволи влез во судската зграда, односно од судската зграда да го отстрани лицето, кое не се придржува на претходно наведебните мерки.

 

2.2 Чекални, ходници и скали

При користењето на хоризонталните и вертикалните комуникации, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

• задолжително држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

• задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

• задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозорците) и дезинфекција со дезифекциони средства;

 

2.3 Писарници и приемнo одделениe

При користењето на писарниците и приемните одделенија на судот, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

• бројот на странките во овие простории треба да биде усогласен со големината и капацитетот на истите, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

• задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозорците) и дезинфекција со дезифекциони средства;

• се забранува непотребно влегување и задржување на шалтерите во писарниците и шалтерите на приемното одделение.

 

2.4 Судници

При влезот во и користењето на судниците сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

• задолжително да извршат дезинфекција на рацете со дезинфекционо средство поставено во судниците, 

• задолжително да носат хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

• задолжително да се проветруваат судниците за време и по завршувањето на секое судење, по природен пат (со отварање на прозорците) и дезинфекција со дезифекциони средства (бришење на работните површини и на сите средства и површини кои што биле користени во текот на постапката);

• бројот на странките во судницата треба да биде усогласен со големината и капацитетот на просторијата, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

• се забранува влегување и задржување на странките во судницата доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;

• влегувањето на странките на закажаните рочишта и главни расправи ќе се спроведува по приоритет и неопходност за присуство на судењето, а предност ќе имаат странките во постапката, нивните полномошници, како и другите лица кои што се повикани со судска покана;

• за присуство на останатите лица во судниците доколку не се исполнети условите за безбедна оддалеченост и примена на мерките за заштита, одлучува судијата, односно судскиот совет кој постапува по предметот;

• по завршување на расправите странките се должни веднаш да ја напуштат судницата и судската зграда, односно да го ограничат престојот на неопходниот минимум;

 

2.5 Канцеларии и кабинети

При користењето на административните простории, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

• задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето доколку во просторијата се наоѓаат повеќе од две лица;

• држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

• задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозорците) и дезинфекција со дезифекциони средства;

• се забранува влегување и задржување на странките во овие простории доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;

 

2.6 Санитарии

 

• При користењето на санитарните јазли (тоалети) за странките кои што доаѓаат во судската зграда, како и вработените имаа обврска да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита.

 

 Со почит

Основен суд Кратово

 

 

Протоколот е изработен од Здружението на судии на РСМ и се однесува на сите вработени и сите лица кои пристапуваат во судската зграда, прилагоден на можностите и просторните услови на Oсновен суд Кратово, а со цел, на заштита на здравјето на вработените во судската зграда, но пред се заштита на здравјето на сите граѓани кои имаат потреба од остварување на правата пред судот.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_