ОГЛАС ЗА СУДИИ ПОРОТНИЦИ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОГЛАС ЗА СУДИИ ПОРОТНИЦИ

Известувања  |  16.1.2025
ОГЛАС ЗА СУДИИ ПОРОТНИЦИ

 

Врз основа на члeновите 42, 43 и 49 од Законот за судовите (Службен весник на РМ бр.58/06, 35/08,150/10, 83/18 и 198/18 и Службен весник на РСМ бр.96/19), член 53 став 1 од Законот за судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.102/19) и Одлуката на Судскиот совет на РСМ за утврдување на бројот на судии поротници во судовите во РМ бр.02-2158/1 од 10.12.2015 год. (Службен весник на РМ бр.219/15), Основниот суд Кратово го објавува следниот:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/25

за избор на 10 судии – поротници во Основен суд Кратово

 

Основниот суд Кратово има потреба од 10 кандидати кои ќе му ги предложи на Судскиот Совет на РСМ за избор на судии - поротници за време од 4 години.

 

Кандидатие за избор на судија - поротник потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во член 42 став 2 од Законот за судовите и тоа:

 

            - за судија-поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

 

За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

Заинтересираните кандидати кон пријавата потребно е во оригинал или копија заверена на нотар да ги достават следните документи:

 

        - Уверение или диплома за завршено образование,

            - Уверение за државјанство,

            - Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

  • Изјава (заверена на Нотар) дека со судија, судија - поротник во Основен суд Кратово или со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

           
            Заинтересираните кандидати пријавaтa (со назнака за Јавен оглас бр.1/25 за избор на 10 судии поротници) со потребните документи во прилог и контакт телефон можат да ги достават по пошта до Основен суд Кратово ул.„Јосиф Даскалов“ б.б., Кратово или непосредно во приемното одделение на судот, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

                                                                                   

ОСНОВЕН СУД КРАТОВО

                                                                                                          

Пријава за судија-поротник ОС Кратово за јавен оглас

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_