Учество на претседателот на ОС Кратово на VII-ма Меѓународна судска конференција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Учество на претседателот на ОС Кратово на VII-ма Меѓународна судска конференција
Учество на претседателот на ОС Кратово на VII-ма
Меѓународна судска конференција
Претседателот на Основен суд Кратово Судија Мирослав Георгиевски учествуваше на VII-та Меѓународна судска конференција на тема: „Судска независност и самостојност“ на која учествуваа и национални судии и судии од Хрватска, Србија, Црна Гора и претставници на CEELI – Институтот од Прага.
Фокусот на дискусиите беше на судската независност и самостојност во светло на преговорите од поглавјето 23, проценка на ефектите од последните реформи во однос на зајакнување на независноста, ефикасноста, транспарентност и довербата во правосудните институции, ефикасност во постапките пред судовите како и надворешните влијанија во судството и научените лекции и практики во борбата против корупцијата и судскиот интегритет.
Конференцијата беше организирана од здружението на судии на РСМ и амбасадата на Соединетита Американски држави во РСМ а во соработка со CEELI – Институтот од Прага.