Внатрешна организација
ActionsВнатрешна организација
Работата на Основниот суд Крива Паланка се одвива преку двата оддели, со соодветните одделенија и служби, и тоа:
1. Кривичен оддел, со следниве писарници:
- Кривична писарница (полнолетни);
- Прекршочна писарница;
- Писарница за извршување на кривични санкции;
- Писарница за извршување на прекршочни санкции, и
- Писарница за казнена евиденција.
2. Граѓански оддел, со следниве одделенија:
- Парнична писарница, и
- Вонпарнична и оставинска писарница.
- Приемна писарница (прием на поднесоци, писмена идр. за двата оддели, односно судот во целина).
Работите на Судската управа се извршуваат во следниве одделенија и служби:
- Одделение за финансиско и материјално работење;
- Одделение за информатика;
- Доставна служба;
- Архива;
- Oдржување, и
- Судска полиција.