Слободен пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Слободен пристап до информации

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Крива Паланка ја изготви следната


ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР


Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Крива Паланка ја сочинуваат следните групи на информации:

  1. Општи информации за судот (општи податоци, надлежности, историјат, структура на зграда, годишни и месечни извештаи)
  2. Судска пракса (одлуки на основниот суд)
  3. Судска Власт
  4. Контакт информации
  5. Тендери и јавни набавки
  6. Правни акти
  7. Други информации

Основен Суд Крива Паланка согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Валентина Николоска.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 031 375-322 лок.24.

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Крива Паланка со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот Суд во Крива Паланка или да го симнат со кликнување на линкот „Преземање“.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Крива Паланка, ул. “Св.Јоаким Осоговски“, бр.142 или на e-mail: valentina@oskrpalanka.mk.

На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме.

 


 Преземање

Контакт

Валентина Николовска

Фиксен телефон:
031/375-322 лок.24
Мобилен телефон:
076/456-926

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести