Оглас за вработување [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за вработување

Известувања, Новости  |  18.5.2021
ЈАВЕН ОГЛАС
ОСНОВЕН СУД КРИВА ПАЛАНКА
       СУ.бр.119/21
      17.05.2021 год.
    КРИВА ПАЛАНКА
 
        Претседателот на Основниот суд Крива Паланка, Љубица Цветковска Стојановска, врз основа на  чл.88, ст.1 од Законот за судовите („Сл. в. на РМ“, бр.58/06, 62/06, 35/08,150/10, 83/18, 198/18 и 96/19), чл.17, ст.2 и чл.18 од Законот за судска служба („Сл. в. на РМ“, бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), чл.22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл. в. на РМ“, бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18, 143/19 и 14/20), чл.14, ст.2, чл.22 и 23 од Законот за работните односи („Сл. в. на РМ“, бр.62/05...267/20), чл..22, 30 и 35 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот суд Крива Паланка, СУ.бр.60/15 и СУ.бр.265/18 и Известувањето од Министерството за финансии, бр.18-1306/3 од 15.03.2021 год. и 09.05.2021 год., на 17.05.2021 год. распишува


Ј А В Е Н   О Г Л А С 

 
        За вработување на 2 (двајца) извршители на работите и задачите од работното место “самостоен судски референт-водител на писарница”, 2 (двајца) извршители на работите и задачите од работното место “судски референт-дактилограф” и 1 (еден) извршител на работите и задачите од работното место “хигиеничар" во Основниот суд Крива Паланка, на определено време.
 
        Основниот суд Крива Паланка има потреба од склучување на договор за вработување на определено време до 31.12.2021 год., со полно работно време, поради привремено зголемен обем на работата, на следните работни места:
 
1. Самостоен судски референт-водител на писарница - 2 (двајца) извршители;
2. “Судски референт-дактилограф” - 2 (двајца) извршители, и
3. “Хигиеничар”-1 (еден) извршител.
 
I. Сите заинтересирани кандидати треба да ги исполнуваат условите предвидени во чл.21 од Законот за судска служба, а со пријавата како доказ треба да приложат: 

-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија, не постаро од 6 месеци; 
-Уверение за општа здравствена способност за работното место за кое се пријавуваат, не постаро од 6 месеци;
-Потврда дека со правосилна пресуда не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, не постара од 6 месеци;
 
II. За работните места од редните броеви 1 и 2, покрај доказите од точката I, според актот за систематизација на работните места кандидатите со пријавата прилагаат и: 

-Уверение/диплома за завршено најмалку више или средно образование;
-Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;  
-Потврда/уверение за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски); 
-Извод од историјатот на вработувања издаден од Агенцијата за вработување, како доказ за најмалку 3 (три) години работно искуство во струката за работното место од редниот број 1 („самостоен судски референт-водител на писарница”), односно најмалку 1 (една) година работно искуство во струката за работното место од редниот број 2 („судски референт-дактилограф”), и
 
III. За работното место од редниот број 3 - “хигиеничар”, покрај доказите од точката I,  кандидатите со пријавата прилагаат и: 

-Диплома за завршено основно или средно образование (за ова работно место се избира кандидат со или без работно искуство).
 
        Неделното работно време трае од понеделник до петок, дневното работно време започнува во 07:30 часот и завршува во 15:30 часот, а паузата во текот на работното време трае од 11:00 до 11:30 часот.
Паричниот износ на основната месечна нето-плата за работното место од редниот број 1 изнесува 19.139.00 ден., за работното место од редниот број 2 - 17.289,00 ден. и за работното место од редниот број 3 – 15.194,00 ден.
        Рокот за пријавување на кандидатите трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена од истекот на рокот за пријавување.
        Пријавата може да се подигне од едношалтерскиот систем на судот, или да се преземе од ВЕБ-страната на Основниот суд Крива Паланка: oskrpalanka.mk 
        Пријавите, со документите со кои се докажува исполнување на предвидените услови во огласот, во оригинал, или преписи заверени кај нотар, да се достават непосредно, или преку пошта до Основниот суд Крива Паланка-Крива Паланка, ул."Св. Јоаким Осоговски", бр.142. Тел.031/375-322, лице за контакт Млаѓан Митовски, раководител на судски оддел. 
        Ненавремените и нецелосните пријави нема да бидат земени во предвид при вршењето избор од пријавените кандидати.
        Пријавените кандидати во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучување на договорот за вработување писмено ќе бидат известени за лицата што се избрани и ќе им се вратат сите документи што ги доставиле како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата.
 
Претседател на судот,
Љубица Цветковска Стојановска

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_