Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

ОСНОВЕН СУД КРИВА ПАЛАНКА - НАДЛЕЖНОСТИ


Стварна надлежност

Основниот суд во Крива Паланка е првостепен суд со основна надлежност за подрачјата за кои е основан, и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:

  • за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
  • за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
  • да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност, 
  • за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и 
  • за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.

Основниот суд во Kрива Паланка е надлежен да одлучува во прв степен по граѓански спорови, и тоа:

  • за спорови во имотно – правните и други граѓанско – правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак, 
  • за законска издршка, 
  • за чување и воспитување на деца,
  • за смеќавање на владение,
  • за доживотна издршка,
  • за надоместок на штета која не надминува 50.000 евра во денарска противвредност,
  • во постапка за обезбедување и извршување, 
  • за работни односи,
  • во спорови за наследно – правни односи,
  • во вонпарнични и оставински работи,
  • да водат тапии и
  • други работи утврдени со закон.

Месна надлежност

Основниот суд во Крива Паланка се оснива за подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

Историјат
Судска зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_