Најчесто поставувани прашања
ActionsНајчесто поставувани прашања
1. Како да најдам одлука од судот објавена на интернет страната. Познати информации знам само неколку имиња од учесниците во постапката. Пребарувам по име ама не добивам резултати. Како да постапам со пребарувањето, за да избегнам „рачно“, пребарување, пресуда по пресуда? Одговор
Почитувани, Објавените одлуки на интернет страната на основниот суд Крушево исто како и тие на останатите судови во РМ, се АНОНИМИЗИРАНИ, значи се отстранети личните податоци на лицата учесници во постапката, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ број 7 од 2005 година, и Законот за измена и дополнување на истиот закон од Службен весник на РМ број 124 од 2010 година). Кога пребарувате со полно име и презиме или дел од нив на некој од учесниците , низ објавените одлуки на интернет страната, користејќи ја понудената форма на страната, нема да добиете резултат токму поради анонимизирањето на личното име и/ или презиме на еден од учесниците. За да добиете резултати, наместо со полно име и/ или презиме користете ги првите (кирилични) букви од името и презимето на лицето меѓусебно одделени со точка. Пример, М.Н.
2. Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок? Одговор
Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право.