Оглас за судии поротници
ActionsLajm
- Shtëpi
- >
- Lajm
Оглас за судии поротници
Оглас за избор на судии поротници
Су.бр. 04-24/17
25.08.2017 год.
К р у ш е в о
О Г Л А С
за избор на 15 судии-поротници во Основен суд Крушево
I.Кандидатот за судија-поротник потребно е да ги исполнува условите предвидени во законот за судовите (Сл.Весник на РМ 58/06; 46/08; 150/10) и тоа:
1. да е полнолетен државјанин на Република Македонија
2. да има завршено најмалку високо образование
3. активно да го владее македонскиот јазик
4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
5. да не е постар од 64 години
6. да поседува интегритет и социјални способности за вршење на функцијата судија-поротник.
II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
III.Заинтересираните кандидати пријавите со потребната документација (доказ за државјанство, уверение за неосудуваност и диплома за завршено образование) да ги достават до Комисијата преку архивата на судот, во рок од 8 дена од објавувањето на огласот.
IV.Кандидатите за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите од став 1 т.1-5 ќе бидат упатени на полагање психолошки тест и тест за интегритет кои ќе ги спроведе Судскиот совет на Република Македонија.
V. Заинтересираните кандидати Пријавата по распишаниот Оглас можат да ја подигнат во просториите на Основен суд Крушево.
Основен суд Крушево
Претседател,
Домника Зерде Курета