Одлукa за избор на кандидат по интерен оглас 1/2022 за работно место Самостоен судски референт [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлукa за избор на кандидат по интерен оглас 1/2022 за работно место Самостоен судски референт

Новости  |  28.10.2022

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

       Су.бр.04-20/22

        28.10.2022 год.

           КРУШЕВО

ВД Претседателот на Основен суд Крушево Ристо Сотиров, врз основа на член 43 од Законот за судска служба (Сл. Весник на PM бр.43/2014, 33/2015, 98/2018, 198/2018), по спроведената постапка по објавениот Интерен оглас број 1/2022 на Основен суд Крушево за кариерно унапредување на  судски службеник за работното место Самостоен судски референт – водител на писарница категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001– 1 (еден) извршител, после извршената административна селекција  и спроведеното интервју од страна на Комисијата за селекција за унапредување на судски службеници, како и Предлог одлуката за избор од  Комисијата, на ден 28.10.2022 год. ја донесе следната :

О Д Л У К А

за избор на 1 извршител – кандидат за кариерно унапредување

За работното место Самостоен судски референт – водител на писарница категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001  се избира кандидатот :

  1. ЗОРАН ЈОВАНОСКИ

По конечноста на одлуката за избор, за избраниот кандидат ќе се донесе решение за  унапредување на судски службеник.

                                                        О б р а з л о ж е н и е                                       

Основниот суд Крушево по добиена согласност на Судски Буџетски Совет на РСМ бр.08-1048/4 од 30.09.2022 год. и Известување од Министерството за финансии бр.18-9262/2 од 28.09.2022 год., на ден 21.10.2022 година на веб страната на судот објави интерен оглас бр.1/2022 за кариерно унапредување на судски службеник за работно место со звање Самостоен судски референт – водител на писарница, категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001   – 1 (еден) извршител.

По спроведената постапка за селекција за унапредување на судски службеници согласно со Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Комисијата за селекција за унапредување на судски службеник после извршената административна селекција  и спроведеното интервју достави Предлог одлука за избор Су.бр.04-20/22 од 27.10.2022 год. до ВД Претседателот на судот, за унапредување на судски службеник за работното место  Самостоен судски референт – водител на писарница, категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001   – 1 (еден) извршител.

Kако прво рангиран и единствен кандидат, се предлага кандидатот Зоран Јованоски.

Согласно со член 43 став 1 од Законот за судска служба,  Претседателот на судот во рок од три дена од добивањето на предлогот е должен да донесе одлука за избор.

Имајќи ја во предвид наведената законска одредба, како и предлогот за избор на кандидат за кариерно унапредување на судски службеници за работното место со звање Самостоен судски референт – водител на писарница категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001 ,  ВД Претседателот на судот одлучи како во изреката.

            Примерок од Одлуката да се достави до избраниот кандидат, останатите кандидати кои не се избрани и истата да се објави на огласната табла и веб страната на судот.

                                                                                    ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

                                                                                              ВД Прeтседател,                                                                                                Ристо Сотиров

 ПPABHA ПOУKA: Против оваа Одлука кандидатот кој не е избран има npaвo на жалба во рок од 8 (осум) дена од приемот на известувањето за извршен избор преку овој суд до Советот на судска служба.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_