Одлукa за избор на кандидат по интерен оглас 1/2022 за работно место Самостоен судски референт
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одлукa за избор на кандидат по интерен оглас 1/2022 за работно место Самостоен судски референт
ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО
Су.бр.04-20/22
28.10.2022 год.
КРУШЕВО
ВД Претседателот на Основен суд Крушево Ристо Сотиров, врз основа на член 43 од Законот за судска служба (Сл. Весник на PM бр.43/2014, 33/2015, 98/2018, 198/2018), по спроведената постапка по објавениот Интерен оглас број 1/2022 на Основен суд Крушево за кариерно унапредување на судски службеник за работното место Самостоен судски референт – водител на писарница категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001– 1 (еден) извршител, после извршената административна селекција и спроведеното интервју од страна на Комисијата за селекција за унапредување на судски службеници, како и Предлог одлуката за избор од Комисијата, на ден 28.10.2022 год. ја донесе следната :
О Д Л У К А
за избор на 1 извршител – кандидат за кариерно унапредување
За работното место Самостоен судски референт – водител на писарница категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001 се избира кандидатот :
- ЗОРАН ЈОВАНОСКИ
По конечноста на одлуката за избор, за избраниот кандидат ќе се донесе решение за унапредување на судски службеник.
О б р а з л о ж е н и е
Основниот суд Крушево по добиена согласност на Судски Буџетски Совет на РСМ бр.08-1048/4 од 30.09.2022 год. и Известување од Министерството за финансии бр.18-9262/2 од 28.09.2022 год., на ден 21.10.2022 година на веб страната на судот објави интерен оглас бр.1/2022 за кариерно унапредување на судски службеник за работно место со звање Самостоен судски референт – водител на писарница, категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001 – 1 (еден) извршител.
По спроведената постапка за селекција за унапредување на судски службеници согласно со Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Комисијата за селекција за унапредување на судски службеник после извршената административна селекција и спроведеното интервју достави Предлог одлука за избор Су.бр.04-20/22 од 27.10.2022 год. до ВД Претседателот на судот, за унапредување на судски службеник за работното место Самостоен судски референт – водител на писарница, категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001 – 1 (еден) извршител.
Kако прво рангиран и единствен кандидат, се предлага кандидатот Зоран Јованоски.
Согласно со член 43 став 1 од Законот за судска служба, Претседателот на судот во рок од три дена од добивањето на предлогот е должен да донесе одлука за избор.
Имајќи ја во предвид наведената законска одредба, како и предлогот за избор на кандидат за кариерно унапредување на судски службеници за работното место со звање Самостоен судски референт – водител на писарница категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01001 , ВД Претседателот на судот одлучи како во изреката.
Примерок од Одлуката да се достави до избраниот кандидат, останатите кандидати кои не се избрани и истата да се објави на огласната табла и веб страната на судот.
ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО
ВД Прeтседател, Ристо Сотиров
ПPABHA ПOУKA: Против оваа Одлука кандидатот кој не е избран има npaвo на жалба во рок од 8 (осум) дена од приемот на известувањето за извршен избор преку овој суд до Советот на судска служба.