Интерен оглас број 1/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас број 1/2021

Новости  |  13.12.2021

 

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

      Су.бр. 04-8/2021

       13.12.2021 година

              Крушево

            

Врз основа на член 20, член 39 и член 40 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Kрушево Су.бр.04-8/15 од 03.04.2015 година, Известување од Министерството за финансии бр.18-10216/2 од 03.12.2021 година и согласноста од Судски Буџетски Совет на РСМ бр.08-871/6 од 07.12.2021 год.

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2021

За кариерно унапредување на 2 судски службеници

 

  1. Категорија В, ниво В–1, СУД0101В01002

Судски советник– 1 извршител

 

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет  и положен правосуден испит.

Најмалку 3 години работно искуство во струката.

 

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со Актот за систематизација на работните места за соодветното работни место, согласно со член 3 од Законот за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.198/2018).

 

Работни часови неделно 40 часа

Работно време – почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот

Работни денови од понеделник до петок

Нето плата 28.582,00 денари

 

  1.  Категорија Б, ниво Б–4 СУД0101Б04004

 Раководител на Одделение за информатика – 1 извршител

 

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет од соодветна  област.

Најмалку 4 години работно искуство во струката.

 

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со Актот за систематизација на работните места за соодветното работни место, согласно со член 2 од Законот за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.198/2018).

 

Работни часови неделно 40 часа

Работно време – почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот

Работни денови од понеделник до петок

Нето плата 31.068,00 денари

 

На интерниот оглас  може да се пријават судски службеници вработени во Основен суд Крушево кои ги исполнуваат следните услови за пополнување на работното место, пропишани за соодветното ниво:

  • Да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување.
  • Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
  • Да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

  • уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или фотокопија заверена на нотар
  • доказ за работно искуство
  • диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски), во оригинал или фотокопија заверена на нотари
  • диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или фотокопија заверена на нотар

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

 

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20).

 

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_