Одлукa за избор на кандидат по јавен оглас 1/2021 на работно место судски соработник [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлукa за избор на кандидат по јавен оглас 1/2021 на работно место судски соработник

Новости  |  15.2.2022

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

       Су.бр.04-25/21

           14.02.2022

            

            Претседателот на Основен суд Крушево Лидија Андреска, врз основа на член 36 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.1/2021, за вработување на судски службеник на неопределено време, за работното место судски соработник – 1 извршител, по доставениот Предлог на кандидати за вработување по утврдена Ранг-листа на Комисијата за вработување на судски службеници од 11.02.2022 година, на ден  14.02.2022 година, ја донесе следната:

 

О  Д  Л  У  К  А

за избор за вработување

 

           За работното место судски соработник – 1 извршител се избира кандидатот:

  1. Лирије Емини со шифра 2021-001

 

            Решение за вработување на избраниот кандидат ќе се донесе по правосилноста на оваа одлука.

 

О б р а з л о ж е н и е

 

            Од страна на Основен суд Крушево во дневните весници „Нова Македонија “  и  „Коха “ од 14.12.2021 година објавен е Јавен оглас бр.1/2021 за вработување на судски службеник на неопределено време за работното место судски соработник – 1 извршител.

            По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за избор на судски службеници, согласно Законот за судска служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба и Правилникот за критериумите и постапката за селекција и вработување на судските службеници, до Претседателот на судот  доставен е Предлог со утврдена Ранг-листа на кандидати, од 11.02.2022 година.

            Со ранг листата за работното место судски соработник, Комисијата за избор на судски службеници го предложи единствениот пријавен кандидат Лирије Емини  со освоени 87,90 бодови, после спроведената постапка.

 

          Претседателот имајќи го во предвид Предлогот со утврдена Ранг-листа од 11.02.2022 година доставен од Комисијата за избор на судски службеници, истиот го прифати и одлучи за работното место судски соработник да биде избрана Лирије Емини.

           

Примерок од одлуката да се достави до избраниот кандидат  и истата да се објави на интернет страната и на огласната табла на судот.

 

Поради горенаведеното,  Претседателот на ОС Крушево следуваше да одлучи како во изреката на одлуката.                                                      

Основен суд Крушево

      Претседател

   Лидија Андреска

 

 

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето за извршен избор преку овој суд, до Советот на судска служба.                                                                                                 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_