Јавен оглас број 1/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас број 1/2021

Новости  |  14.12.2021

Врз основа на чл.20, чл.21, чл.25, чл.26 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018)  чл.2 од  Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/2018) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Крушево, Су.бр.04-8/15 од 03.04.2015 година, Основниот суд Крушево на ден 14.12.2021 година објавува:

 

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.1/2021

За вработување на судски службеник на неопределено време на едно лице

  1. Судски соработник категорија В, ниво В-3, шифра на работно место 

         СУД0101В03001 -1 (еден) извршител од албанска национална припадност

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови, потрбни стручни квалификации и компетенции:

      - стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен    

         правосуден испит,

- најмалку 1 година работно искуство во струката,

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Покрај посебните услови, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови за пополнување на работното место:

- да е државјанин на Република Македонија (уверение не постаро од 6 месеци);

- активно  да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место (лекарско не постаро од 6 месеци);

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (уверение  не постаро од 6 месеци);

Основната плата за работното место изнесува 25.670,00 денари

            Работни часа - 40 неделно

            Работни денови: од понеделник до петок

            Работно време од 07,30 до 15,30 часот

 

Пријавата за вработувањe може да се подигнe на приемна писарница во судот или на веб-

страната на судот: www.oskrusevo.mk

Пополнета пријава со приложените докази за исполнување на општите и посебни услови за работното место во оригинал или копии заверени на нотар, се доставуваат во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Крушево  или преку пошта на адреса:

Основен суд Крушево,  ул „Илинденска“ бб,  Крушево

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2021

 

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.

Времето и датумот на одржување на административнтаа селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основен суд Крушево

 

 

Основен суд Крушево

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_