Јавен оглас 1/2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/2018

Новости  |  31.12.2018

Врз основа на чл.20, чл.21, чл.25, чл.26 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018)  чл.2 од  Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/2018) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Крушево, Су.бр.04-8/15 од 03.04.2015 година, Основниот суд Крушево на ден 28.12.2018 година објавува:

 

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.1/2018

За вработување на неопределено време на следните работни места

  1.  

шифра на работно место СУД0101В01003, Категорија В, ниво В1,Советник-информатичар

Број на извршители..............1 (еден)

 

  1.  

шифра на работно место СУД0101Г01001,Категорија Г, ниво Г1, Самостоен судски референт-водител на писарница,

Број на извршители .............1 (еден)

 

Заинтересираните кандидати согласно чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, треба да ги исполнуваат следните општи услови за пополнување на работните места:

- да е државјанин на Република Македонија;

- активно  да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 Покрај општите услови за вработување на судски службеник, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.21 ст.2 од Законот за судска служба:

- за работното место наведено под т.1 од овој оглас,  стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет од областа Техничките науки (електро или машински факултет), од областа на информатиката, или друг факултет од соодветна област, најмалку 3 години работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски) и  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

- за работното место наведено под т.2 од овој оглас, завршено најмалку Вишо или средно образование, најмалку 3 години работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

По овој оглас, кандидатите поднесуваат пополнета Пријава кон која ги  приложуваат доказите утврдени во чл.26 ст.2 и 3 од Законот за судска служба и тоа:

  • доказ за државјанство на Република Македонија;
  • уверение/диплома за завршен степен на образование;
  • доказ ( диплома, сертификат, уверение) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европска унија (англиски, француски, германски),
  • потврда за работа со компјутерски програми за канцелариско работење;
  • лекарско уверение  за општа здравствена состојба за работното место;
  • потврда дека  со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

 

Кон пријавата кандидатите можат да приложат:

  • извод од историјатот на вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од агенција за вработување;
  • препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува,
  • потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;
  • потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата,
  • изјави или други документи од интерес за работното место;

Пријавата за вработување со приложените докази за исполнување на условите во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Крушево  или преку пошта   на  адреса:

 

Основен суд Крушево

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 1/2018

ул „Илинденска“ бб, Крушево

 

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка

За сите огласени работни места бројот на работни часови неделно: 40 ;

За сите огласени работни места работно време:  07,30-15,30 ч;  

 

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.

 

Времето и датумот на одржување на административнтаа селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основен суд Крушево

 

Основен суд Крушево

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_