Jавен оглас број 1/2024 за вработување на определено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Jавен оглас број 1/2024 за вработување на определено време

Новости  |  26.1.2024

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

     Су.бр.04-4/24

   26.01.2024 година

           

            Врз основа на чл.18 ст.1 алинеа 2 и ст.6 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/15, 98/15, 33/15, 6/16 и 198/18)  во врска со чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи, Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници, („Службен весник“ бр.236/18), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Крушево, Су.бр.04-8/15 од 03.04.2015, на ден 26.01.2024 година Основен суд Крушево објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2024

За вработување на судски службеник на определено време до 31.12.2024 година за работно место

Самостоен референт-сметководител,  –

1 (еден) извршител

 

Услови што се бараат за вршење на работата:

Стручни квалификации:

Стекнати најмалку вишо или средно образование.

Работно искуство:

Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Посебните работни компетенции се докажуваат со приложување на соодветен доказ (диплома, сертификат, уверение).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 26.631,00 денари. Работни часови неделно 40 часа. Работно време од 07:30 – 15:30 часот. Дневна пауза од 11:00 – 11:30 часот.  Работни денови: од понеделник до петок.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија (уверение за државјанство не постаро од 6 месеци)
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен (копија од лична карта)
  • Да има општа здравствена способност за работното место (лекарско не постаро од 6 месеци)
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност (уверение не постаро од 6 месеци)

Кандидатите се должни да се пријават на огласот со пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во приемното одделение во Основен суд Крушево , или да ја преземат од веб страната на судот www.oskrusevo.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Доказите кон пријавата се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

Рокот за пријавување трае 5 (пет) работни дена сметано од денот на последното објавување на Огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).

Ненавремена, нецелосна и неуредна пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.

Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови (за стручните квалификации, работното искуство и посебните работи компетенции), кандидатите се должни да ги достават непосредно преку пошта или во архивата на судот

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

Ул.Илинденска бб, Крушево

(со назнака за Јавен оглас број - 1/2024)

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Изборот ќе се изврши во рок согласно чл.23 ст.2 од Законот за работни односи.

                                                                                             Основен суд Крушево

Пријавата може да се превземе на следниот линк

ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИК                                                                                                 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_