Спроведена постапка за набавка на персонални компјутери [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Спроведена постапка за набавка на персонални компјутери

Новости  |  25.1.2018

                      

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

    Су.бр. 05-40/17

       13.12.2017 год.

 

      Одговорното лице на Договорниот орган-Основен суд Крушево, Домника Зерде Курета  врз основа на чл.162 ст.1 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ бр.27/15 од 23.02.2015 год), одлучувајќи по предлогот за најповолна понуда на Комисијата за јавни набавки од 11.12.2017 год. во постапка за набавка на информатичка опрема-персонални компјутери, на ден 13.12.2017 година ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

 

       СЕ ИЗБИРА понудата на  понудувачот Друштво за производство, услуги и трговија БОКИ- КОМПЈУТЕРИ ДООЕЛ, увоз-извоз Струмица-како најповолна, а истата е во вредност од 133.000,00 ден. без ДДВ.

 

О б р а з л о ж е н и е

           

         Комисијата за јавни набавки на ден 11.12.2017 год. донесе предлог за најповолна понуда во постапката за набавка на информатичка опрема-персонални компјутери и истиот го достави на избор на одговорното лице на договорниот орган.

 

       Одговорното лице, одлучувајќи по предлогот на Комисијата за најповолна понуда, најде дека истиот е донесен врз основа на критериумот за доделување на договорот,  a утврден во Огласот и во тендерската документација-најниска цена, која цена е реална на пазарните цени и прифатлива како таква.

 

       Поради тоа, предлогот  го прифати и донесе одлука за избор, согласно чл. 162  ст.1 од Законот за јавни набавки.

 

             Основен суд Крушево, 13.12.2017 година.

 

                Одговорно лице,  

                                                                                                  Домника Зерде Курета

 

ПРАВНА ПОУКА: Рок за жалба 3 дена од приемот на Одлуката  преку Договорниот орган  до Државната комисија за жалби по јавни набавки.   

 

      

  

            

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_