Спроведена постапка за набавка на персонални компјутери
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Спроведена постапка за набавка на персонални компјутери
ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО
Су.бр. 05-40/17
13.12.2017 год.
Одговорното лице на Договорниот орган-Основен суд Крушево, Домника Зерде Курета врз основа на чл.162 ст.1 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ бр.27/15 од 23.02.2015 год), одлучувајќи по предлогот за најповолна понуда на Комисијата за јавни набавки од 11.12.2017 год. во постапка за набавка на информатичка опрема-персонални компјутери, на ден 13.12.2017 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
СЕ ИЗБИРА понудата на понудувачот Друштво за производство, услуги и трговија БОКИ- КОМПЈУТЕРИ ДООЕЛ, увоз-извоз Струмица-како најповолна, а истата е во вредност од 133.000,00 ден. без ДДВ.
О б р а з л о ж е н и е
Комисијата за јавни набавки на ден 11.12.2017 год. донесе предлог за најповолна понуда во постапката за набавка на информатичка опрема-персонални компјутери и истиот го достави на избор на одговорното лице на договорниот орган.
Одговорното лице, одлучувајќи по предлогот на Комисијата за најповолна понуда, најде дека истиот е донесен врз основа на критериумот за доделување на договорот, a утврден во Огласот и во тендерската документација-најниска цена, која цена е реална на пазарните цени и прифатлива како таква.
Поради тоа, предлогот го прифати и донесе одлука за избор, согласно чл. 162 ст.1 од Законот за јавни набавки.
Основен суд Крушево, 13.12.2017 година.
Одговорно лице,
Домника Зерде Курета
ПРАВНА ПОУКА: Рок за жалба 3 дена од приемот на Одлуката преку Договорниот орган до Државната комисија за жалби по јавни набавки.