Јавен оглас 1/2020 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/2020

Новости  |  09.10.2020

Врз основа на чл.20, чл.21, чл.25, чл.26 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018)  чл.2 од  Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/2018) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Крушево, Су.бр.04-8/15 од 03.04.2015 година, и Согласноста на Судскиот Буџетски Совет на РСМ бр.08-922/4 од 02.10.2020 год, Основниот суд Крушево на ден 09.10.2020 година објавува:

 

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.1/2020

За вработување на неопределено време на следното работно место

 

1. шифра на работно место СУД0101Г01001,Категорија Г, ниво Г1, Самостоен судски референт-сметководител,

Број на извршители .............1 (еден)

Заинтересираните кандидати согласно чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, треба да ги исполнуваат следните општи услови за пополнување на работните места:

- да е државјанин на Република Македонија;

- активно  да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 Покрај општите услови за вработување на судски службеник, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.21 ст.2 од Законот за судска служба:

- за работното место наведено под т.1 од овој оглас, завршено најмалку Вишо или средно образование, најмалку 3 години работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски), и доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

По овој оглас, кандидатите поднесуваат пополнета Пријава  (пријавата електронски може да се превземе од веб страната на судот) , кон која ги  приложуваат доказите утврдени во чл.26 ст.2 и 3 од Законот за судска служба и тоа:

  • доказ за државјанство на Република Македонија;
  • уверение/диплома за завршен степен на образование;
  • доказ за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (уверение, сертификат или диплома);
  • лекарско уверение  за општа здравствена состојба за работното место;
  • потврда дека  со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • податоци за стажот издаден од фондот на ПИОСМ – потврда за реализиран стаж;

 

Кон пријавата кандидатите можат да приложат:

  • препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува,
  • потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;
  • потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата,
  • изјави или други документи од интерес за работното место;

Пријавата за вработување со приложените докази за исполнување на условите во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Крушево  или преку пошта   на  адреса:

 

Основен суд Крушево

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 1/2020

ул „Илинденска“ бб, Крушево

 

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка

За огласеното работно место бројот на работни часови неделно: 40 ;

Работно време:  07,30-15,30 ч;  

Основна плата за работно место под т.1- 18.300,оо денари

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.

Времето и датумот на одржување на административнтаа селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основен суд Крушево.

 

 

Основен суд Крушево

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_