Интерен оглас број 1/2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас број 1/2022

Risi  |  21 Tet 2022

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

      Су.бр. 04-20/2022

       21.10.2022 година

              Крушево

            

Врз основа на член 20, член 39 и член 40 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Kрушево Су.бр.04-8/15 од 03.04.2015 година, Известување од Министерството за финансии бр.18-9262/2 од 28.09.2022 година и согласноста од Судски Буџетски Совет на РСМ бр.08-1048/4 од 30.09.2022 год.

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022

За кариерно унапредување на 1 судски службеник

  1. Категорија Г, ниво Г1, СУД0101Г01001

Самостоен судски референт – водител на писарница                      – 1 извршител

Услови за работното место:

  • Најмалку вишо или средно образование
  • Најмалку 3 години работно искуство во струката

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со Актот за систематизација на работните места за соодветното работни место.

На интерниот оглас  може да се пријават судски службеници вработени во Основен суд Крушево кои ги исполнуваат следните услови за пополнување на работното место, пропишани за соодветното ниво:

  • Да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување.
  • Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
  • Да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

Работни часови неделно 40 часа

Работно време – почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот

Работни денови од понеделник до петок

Нето плата 19.200,00 денари

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

  • уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или фотокопија заверена на нотар 
  • доказ за работно искуство 
  • диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски), во оригинал или фотокопија заверена на нотари 
  • диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или фотокопија заверена на нотар

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат и следните докази:

  • потврда за успешно реализирани обуки и/или
  • потврда за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран судски службеник)

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20).

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_