Одлукa за избор на кандидат по интерен оглас 1/2021 на работно место Судски советник [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлукa за избор на кандидат по интерен оглас 1/2021 на работно место Судски советник

Новости  |  21.12.2021

ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

       Су.бр.04-23/21

        21.12.2021 год.

         КРУШЕВО

Претседателот на Основен суд Крушево Лидија Андреска, врз основа на член 43 од Законот за судска служба (Сл. Весник на PM бр.43/2014, 33/2015, 98/2018, 198/2018), по спроведената постапка по објавениот Интерен оглас број 1/2021 на Основен суд Крушево за кариерно унапредување на  судски службеник за работното место Судски советник - категорија В ниво В1– 1 (еден) извршител, после извршената административна селекција  и спроведеното интервју од страна на Комисијата за селекција за унапредување на судски службеници како и Предлог одлуката на Комисијата, на ден 21.12.2021 год. ја донесе следната :

О Д Л У К А

за избор на 1 извршител – кандидат за кариерно унапредување

За работното место со реден број 1 од Интерниот оглас 1/2021, Судки советник,  категорија В ниво В1,  се избира кандидатот:

  1. КОСТАНДИНА ТАСЕСКА

По конечноста на одлуката за избор, за избраниот кандидат ќе се донесе решение за  унапредување на судски службеник.

Образложение

Основниот суд Крушево по добиена согласност на Судски Буџетски Совет на РСМ бр. 08-871/6 од 07.12.2021 год. и Известување од Министерството за финансии бр.18-10216/2 од 03.12.2021 год. објави интерен оглас бр.1/2021 за кариерно унапредување на судски службеник за работно место со звање Судски советник - категорија В ниво В1 – 1 (еден) извршител, на ден 13.12.2021 година на веб страната на судот.

По спроведената постапка за селекција за унапредување на судски службеници согласно со Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Комисијата за селекција за унапредување на судски службеник после извршената административна селекција  и спроведеното интервју достави Предлог одлука Су.бр.04-23/21 од 20.12.2021 год. до Претседателот на судот за унапредување на судски службеник за работното место  Судски советник - категорија В ниво В1 – 1 (еден) извршител.

Kако прво рангиран се предлага кандидатот Костандина Тасеска.

Согласно со член 43 став 1 од Законот за судска служба, Претседателот на судот во рок од три дена од добивањето на предлогот е должен да донесе одлука за избор.

Имајќи ја во предвид наведената законска одредба, како и предлогот за избор на кандидати за кариерно унапредување на судски службеници за работното место со звање Судски советник - категорија В ниво В1 , Претседателот на судот одлучи како во изреката .

            Примерок од Одлуката да се достави до избраниот кандидат, останатите кандидати кои не се избрани и истата да се објави на огласната табла и веб страната на судот.

       ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО

 Претседател,

Лидија Андреска

                                                                      

ПPABHA ПOУKA: Против оваа Одлука кандидатот кој не избран има npaвo на жалба во рок од 8 (осум) дена од приемот на известувањето за извршен избор преку овој суд до Советот на судска служба.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_