Соопштение во врска со одбележување на Европски ден на правдата
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение во врска со одбележување на Европски ден на правдата
По повод Европски ден на правдата 25 Октомври што секоја година се одбележува во сите држави на Европа се со цел правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзино спроведување. Основен суд Куманово овој ден го одбележи на тој начин што им обезбеди широк пристап до правдата на граѓаните и пошироката јавност.
Во судот се организираа соодветни активности со претставници на адвокатска заедница од Куманово, нотари и извршители кои присуствуваа на заедничка средба со В.Д. Претседателот на судот , судија Снежана Манев, Претседателот на кривичен оддел, судија Маја Денковска и Претседателот на граѓански оддел, судија Вјолца Мора Бајрами.
Исто така во судот на организирано предавање и запознавање со активностите на судот присуствуваа и ученици од ООУ Браќа Миладиновци Куманово, СОУ Гимназија Гоце Делчев Куманово и СОУ Перо Наков Куманово.
Основен суд Куманово