Оглас за избор на судии поротници во Основен суд Куманово [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за избор на судии поротници во Основен суд Куманово

Новости, Соопштенија за јавност  |  04.3.2021
Оглас за избор на судии поротници во Основен суд Куманово
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
СУ-187/21
03.03.2021 година
К у м а н о в о
 
  Врз основа на чл.42, 43 и 49 од Законот за судовите (Сл.Весник на РМ бр.58/06, 35/08 и 150/10, 83/18, 198/18 и Сл.Весник на РСМ 96/19), а согласно Одлука на Судски совет на РМ бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година (објавена во Сл.Весник на РМ бр.219/15) на ден 03.03.2021 година, го распишува следниот
                              
                                                                                            О  Г  Л  А  С 
 
Основен суд Куманово заради составување Предлог - листа за избор на 46 судии - поротници, кои ги избира Судскиот совет на РСМ, за време од 4 (четири) години, објавува Оглас со кој што ги повикува сите заинтересираните кандидати за судии - поротници за Основен суд Куманово, кои ги исполнуваат условите од чл.42 ст.2 од Законот за судовите и тоа:
- полнолетен државјанин на РСМ 
- завршено најмалку средно образование 
- активно да го владее македонскиот јазик 
- да ужива углед за вршење на оваа функција 
- да не е постар од 60 години  и
- да не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен и да не е брачен другар со член на Судски совет на РСМ, со судија и судија-поротник во Основен суд Куманово.
Заинтересираните кандидати, заедно со пријавата треба да ги достават следните документи :
- биографија
- уверение/диплома за завршено најмалку средно образование (во оригинал или заверено кај нотар)  и
- уверение за државјанство (во оригинал или заверено кај нотар)
- извод од матична книга на родени (во оригинал или заверено кај нотар)
- Изјава заверена кај Нотар, под морална, кривична и материјална одговорност, дека не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен и да не е брачен другар со член на Судски совет на РСМ, со судија и судија-поротник во Основен суд Куманово.
 
По изборот, судиите-поротници задолжително ќе посетуваат специјализирана обука организирана од Академијата за судии и јавни обвинители. 
По завршувањето на обуката, судиите-поротници полагаат испит за завршената обука. 
Доколку судијата-поротник не го положи испитот му престанува функцијата, што со Одлука го констатира Судскиот Совет на РСМ . 
 
Пријавите со потребната документација да ги достават, во рок од 15 дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат, до Основниот суд Куманово, ул.11 Октомври бб, непосредно или со препорачана пратка.
Ненавремени и некомплетни пријави нема да бидат земени во предвид при изготвување на Предлог-листата на судии - поротници . 
 

 

Основен суд Куманово

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_