Јавен оглас 1/2019 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/2019

Новости, Соопштенија за јавност  |  04.12.2019
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019

 

Република Северна Македонија

Основен суд Куманово

СУ-04-1364/19

03.12.2019 година

Куманово

 

Врз основа на член 20 и 25 од Законот за судска служба (Сл.вeсник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/18 од 24.12.2018), согласноста од Министерот за финансии бр.18-8902/2 од 07.11.2019 година и бр.18-9390/4 од 25.11.2019 година, ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019

за вработување на 2 (двајца) судски службеници:

1. Категорија Г, ниво Г-2 Виш судски референт - благајник - 1 извршител.

Услови за вршење на работите: Најмалку више или средно образование од економска област и најмалку 2 години работно искуство во струката. Бруто плата: 26.601,00 денари; Нето плата 18.157,00 денари.

2.Категорија Г, ниво Г-4 Помлад судски референт - доставувач -1 извршител.

Услови за вршење на работите: Најмалку више или средно образование, со или без работно искуство во струката. Бруто плата: 23.276,00 денари; Нето плата 15.978,00 денари;

За сите работни места: Работни часови неделно 40; Работно време од 07,30 до 15,30 часот; Работни денови од понеделник до петок.

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место на кое се пријавуваат, во оригинал или копија заверена на нотар:

- уверение и свидетелство за завршено соодветно образование

- доказ за работно искуство

- уверение за државјанство

- лекарско уверение за општата здравствена состојба

- уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Кандидатите за судски службени во постапката за вработување преку јавен оглас, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник - дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).

Напомена: Кандидатите за судски службеници кои имаат завршено повисоко образование од минималното предвидено со огласот, да го достават и свидетелството кои им го издало средното училиште.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Рокот за пријавување трае 15 (петнаесет) дена сметано од денот на  објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето).   

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

Напомена: Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на веб страната на Основен суд Куманово (www.oskumanovo.mk).

Пријава за вработување на судски службеник

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_