Интерен оглас 1/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас 1/22

Новости, Соопштенија за јавност  |  30.11.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС 1/22
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
СУ-919/22
30.11.2022 година
К У М А Н О В О
 
Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба  („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ на РСМ бр.275/20), Правилникот за систематизација на работните места во Основен суд Куманово 04-Су-394/18-2 од 07.12.2018 година, како и согласноста од Министерот за финансии бр.08-1156/3 од 30.09.2022 година
 
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/22
 

 

1. За унапредување на 3 судски службеници
 
    1. Категорија В, ниво В-1, Судски советник - 3 извршитела
 
Услови за вршење на работите:
- стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,  Правен факултет 
- положен правосуден испит
- најмалку 3 години работно искуство во струката
 
Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно со член 2 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.весник. на РМ бр.198/2018). 
 
Работни часови неделно 40 часа;
Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот;
Работни денови од понеделник до петок;
Нето плата 32.680 денари;

2. За унапредување на 2 судски службеникa 

     2. Категорија Г, ниво Г-1 - Самостоен судски референт - водител на писарница - 2 извршителa

 
Услови за вршење на работите:
-  најмалку више или средно образование
-  најмалку 3 години работно искуство во струката
         
Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно со член 2 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.весник. на РМ бр.198/2018). 

Работни часови неделно 40 часа;
Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот;
Работни денови од понеделник до петок;
Нето плата 21.980 денари;

 
На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветно ниво наведени во овој оглас, како и
- Да е оценет со оценка “особено се истакнува” или “се истакнува” при последното оценување
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас
- Да поминал најмалку 2 години на работното место  на кое е распореден и 
- Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
 
 
Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:
 
- уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено
- доказ за работно искуство
- сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на      Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено и
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено
 
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
 
- потврди за успешно реализирани обуки како посетител, не постари од 5 години
- потврди за успешно реализирани обуки како обучувач, не постари од 5 години
- потврди за успешно реализирано менторство како ментор
- потврди за успешно реализирано менторство како менториран
 
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.
 
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
 
Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.
 
Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.
 
Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.
 
Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ РСМ бр.275/20).
 

Пријава за интерен оглас

 

Основен суд Куманово

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_