Јавен оглас 2/18 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 2/18

Njoftim për opinionin  |  27 Dhj 2018

Република Македонија

ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

04 Су-398/18-1

26.12.2018 година

 

 

            Врз основа на член 25, член 20 став 1, алинеја 1, член 21 став1 и член 24 став 1 и 2 од Законот за судска служба (Сл.Весник на РМ бр.43/2014) во врска со член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.Весник на РМ бр.198/18) во врска со член 2 од Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр. 236/18 од 24.12.2018 година):

 

ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2018

За вработување судски службеници на неопределено време, за следните работни места:

 

1.Судски администратор-Категорија А, Ниво А2 – 1 (еден) извршител

 

 Услови што се бараат за вршење на работата

Стручни квалификации:

 

Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет и положен правосуден испит.

Работно искуство:

 

  - Најмалку 6 години работно искуство во струката по  положен правосуден испит.

 

Посебни работни компетенции:

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место

Општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

            Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 39.900,оо денари. Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови: од понеделник до петок.       

 

                                

2. Виш судски референт (извршител во писарница) – Категорија Г, Ниво Г2 - 2 (два) извршитела 

                        

Услови што се бараат за вршење на работата

Стручни квалификации:

- најмалку више или средно образование

Работно искуство:

  - Најмалку 2 години работно искуство во струката

 

Посебни работни компетенции:

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место

Општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

            Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 17.800,оо денари. Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.

          Кандидатите се должни да се пријават на огласот со  Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Основен суд Куманово  од телефонската централа или да ја симнат од веб страната на судот www.oskumanovo.mk во рубрика формулари-документи.

 

        Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кон пријавата кандидатите задолжително ги доставуваат доказите за податоци внесени во истата :

  • Доказ за државјанство,
  • Уверение/диплома за степен на образование,
  • Уверение, сертификат, диплома за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
  • Потврда за работа со компјутерстки програми за канцелариско работење
  • Историјат на вработување издаден од Агенција за вработување на РМ ( за кандидатите каде се докажува работно искуство)
  • Доказ дека има општа здравствена способност за работното место
  • Доказ дека не му е изречена со правосилна судска пресуда казна забрана за вршење на дејност, професија или должност,
  • Потврда-Изјава од кандидатот, под материјална и кривична одгопворност, дека податоците во пријавата се точни, доставените докази се верни на оригиналот, согласно член 26 став 4 од Закон за судска служба, Се напоменува дека кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка, согласно член 2 став 3 алинеја 2 од Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр. 236/18 од 24.12.2018 година)

 

            Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните условиѝ (за стручните квалификации, работното искуство и посебните работни компетенции) кандидатите се должни да ги достават непосредно преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака за Оглас бр.2 /2018,  на следната адреса:

       Основен суд Куманово ул.„11 Октомври“ бб

 

            Рокот за пријавување трае 15 (петнаесет) дена сметано од денот на  објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето).       

            Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на судски службеник, на интернет страницата на Основен суд Куманово.

 

 

                                                                        ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_