ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.1/19 за РАБОТНО МЕСТО - ПОМЛАД СУДСКИ РЕФЕРЕНТ ДОСТАВУВАЧ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.1/19 за РАБОТНО МЕСТО - ПОМЛАД СУДСКИ РЕФЕРЕНТ ДОСТАВУВАЧ

Новости, Соопштенија за јавност  |  05.2.2020
ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.1/19 за РАБОТНО МЕСТО - ПОМЛАД СУДСКИ РЕФЕРЕНТ ДОСТАВУВАЧ
OСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Су-04-159/20
05.02.2020 год.
КУМАНОВО
 
Претседателот на Основен суд Куманово, Судијата Снежана Манев, врз основа на член 17 ст.1 и чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 43/14, 33/15, 98/15, 198/18), по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.1/19, за вработување на судски службеник, за работно место „помлад судски референт-доставувач“ еден (1) извршител, по доставениот Предлог за најдобро рангиран кандидат Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, на Комисија за селекција за вработување, на 05.02.2020 година, ја донесе следната:
 
 
О  Д  Л  У  К  А
 
За работното место „помлад судски референт-доставувач“, еден (1) извршител, на неопределено време, не се избира предложениот кандидат, Драган Крстиќ од Куманово
 
Јавниот оглас бр. 1/19, објавен од страна на Основен суд Куманово, во дневните весници „Нова Македонија“ и ,,Лајм“ од 04.12.2019 година, во делот, за вработување на судски службеник за работно место „помлад судски референт-доставувач “, еден (1) извршител, СЕ ПОНИШТУВА.
 
 
О б р а з л о ж е н и е
 
Од страна на Основен суд Куманово во дневните весници „Нова Македонија“ и ,,Лајм“ од 04.12.2019 година, објавен е Јавен оглас бр.1/19 за вработување на судски службеник за работно место „ помлад судски референт-доставувач , еден (1) извршител.
 
По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 43/14, 33/15, 98/15, 198/18) и Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр. 236/18 од 24.12.2018 година), до Претседателот на судот, доставен е Предлог за најдобро рангиран кандидат Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, со кој предлага, за работно место „Помлад судски референт-доставувач“, да биде избран кандидатот Драган Крстиќ од Куманово, со освоени 84,27 бодови.
 
На 03.02.2020 година, со препорачна пратка, доставена преку пошта, на 31.01.2020 година, до Основен суд Куманово, од страна на кандидатот Драган Крстиќ, доставен е писмен поднесок, насловен како –Поднесок за откажување од постапката за избор на кандидат за судски службеник и повлекување на поднесената документација, во кој наведува дека, на 31.01.2020 година, на официјалната Веб-страна на судот била објавена Конечна ранг-листа по огласот бр.1/19, на кандидати  со вкупен број на освоени бодови од административната слекција, испитот и спроведеното интервју, како и дека, тој, како како кандидат по јавниот Оглас бр.1/19 за работното место „Помлад судски референт-доставувач“, со шифра osk1029, со оглед дека сеуште не е донесена конечна одлука за избор на кандидат, со овој писмен поднесок се откажува од постапката за избор на работното место за кое има поднесено документација и бара истата да му биде вратена, благовремено во предвидениот законски рок. 
          Претседателот на судот, имајќи ја во предвид претходно опишаната состојба, одлучи како во изреката на оваа Одлука, а поради следните причини: 
Согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба, Комисијата за селекција за вработување го бира најдобро рангираниот кандидат од соодветната листа, во рок од три дена и му го предлага на судскиот администратор, односно на претседателот на судот во кој не  еизбран судски администратор.
Согласно чл.36 ст.1 од Законот за судска служба, Судскиот администратор, односно на претседателот на судот во кој не  еизбран судски администратор, во рок од 5 дена од добивањето на предлогот од чл.35 ст.1 од овој закон, длжен е да донесе одлука за избор.
Во конкретниот случај, од страна на Комисијата за селекција за вработување, до Претседателот на судот, на 31.01.2020 година, е доставен Предлог за најдобро рангиран кандидат Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, со кој предлага, за работно место „Помлад судски референт-доставувач“, да биде избран кандидатот Драган Крстиќ од Куманово, со освоени 84,27 бодови, а согласно цитираниот чл.35 ст.1 од законот за служба. Меѓутоа, по доставување на предлогот, а во законскиот рок од 5 дена, за донесување одлука за избор од страна на претседателот на судот, во смисла на цитираниот чл.36 ст.1 од Законот за судска служба, предложениот кандидат достави писмен поднесок со кој се откажа од постапката за избор на работното место за кое има поднесено документација и побара истата да му биде вратена, благовремено во предвидениот законски рок. Имајќи ја во предвид наведената состојба, како и доставениот Предлог за најдобро рангиран кандидат Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, од страна на Комисијата за селекција за вработување, претседатлот на судот одлучи како во ст.1 од изрекатана оваа одлука, односно, Драган Крстиќ од Куманово, како предложен кандидат, за работното место „помлад судски референт-доставувач“, од страна на Комисијата, да не биде избран.
Од друга страна, имајќи ги во предвид претходно цитираните одредби од Законот за судска служба, како и фактот дека, кандидатот, кој како најдобро рангиран е предложен од страна на Комисијата за селекција, се откажа од постапката за избор на работното место за кое има поднесено документација, како и дека, Законот за судска служба, не содржи одредби со кои се регулира ваквата состојба, односно не е предвидена никаква законска можност за понатамошно постапување, како на Комисијата за селекција за вработување, така и на претседателот на судот, истиот сметајќи дека постапката за пополнување на наведеното работно место, треба да се спроведе одново, одлучи како под ст.2 од изреката, односно, го поништи Јавниот оглас бр. 1/19, објавен од страна на Основен суд Куманово, во дневните весници „Нова Македонија“ и ,,Лајм“ од 04.12.2019 година, во делот, за вработување на судски службеник за работно место „помлад судски референт-доставувач “, еден (1) извршител. 
 
Претседател на суд
Судија,
Снежана Манев
                       
    
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа одлука кандидатот кои не е избран, има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето со Одлука за извршениот избор до Советот на судска служба. (Жалбата се доставува преку Основен суд Куманово.) 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_