СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово, постапувајќи по предлог на бранител на осомничениот Ѓ. Н. од Република Србија за замена на мерка на обезбедување на присуство - мерка на претпазливост на ден 26.01.2024 година донесе решение со кое делумно го уважи барањето на бранителот на осомничениот, ги укина мерките претпазливост привремено одземање на лична карта за преминување на државна граница, како и патна исправа.
Определената мерка за претпазливост осомничениот да се јавува секој Вторник и Петок во Основен суд Куманово ја замени со тоа што истиот треба да се јавува секој 15-ти во месецот, со тоа што доколку 15-ти е неработен ден, да се јави следниот прв работен ден.
Против ваквото решение немаше жалба од ОЈО Куманово и решението е правосилно на ден 30.01.2024 година (Вторник), патната исправа и личната карта му беа вратени на српскиот државјанин.
Основен суд Куманово