Одлука за избор на кандидат по Јавен оглас бр.1/20 за работно место под т.1 Хигиеничар [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор на кандидат по Јавен оглас бр.1/20 за работно место под т.1 Хигиеничар

Новости, Соопштенија за јавност  |  22.10.2020
Одлука за избор на кандидат по Јавен оглас бр.1/20 за работно место под т.1 Хигиеничар
                                      
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Су 04-730/20
22.10.2020 година
Куманово
 
 
            Врз основа на чл.21 и чл.22 од Законот за работни односи, Правилникот за систематизација на работни места во Основен суд Куманово, Су-479/15 од 20.03.2015 година и Известување за обезбедени финансиски средства бр.18-5285/2 од 30.09.2020 година на Министерството за финансии, Претседателот на Основен суд Куманово, ја донесе следната: 
 
 
О  Д  Л  У  К  А
 
За избор на кандидат по Јавен оглас бр. 1/20 од 07.10.2010 година, за вработување на неопределено време на еден извршител на работно место - Хигиеничар, во Основен суд Куманово 
 
1.По Јавниот оглас бр.1/20  од 07.10.2020 година, објавен во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“ од 07.10.2020 година, за вработување на неопределено време, на еден работник, извршител на работно место –Хигиеничар во Основен суд Куманово, со шифра СУД0401А03001, СЕ ИЗБИРА кандидатот СУЗАНА КИЦАРА ТАСЕВСКА
 
2.Изборот е извршен согласно чл.21 од Законот за работни односи.
 
3.Со избраниот кандидат ќе биде склучен Договор за вработување, за работното место, за кое беше објавен огласот и за кое истиот е избран, по конечноста на оваа Одлука.
 
4.На избраниот кандидат ќе му биде врачена оваа Одлука, а на кандидатите кои не се избрани, ќе им биде доставено писмено известување согласно чл.27 од ЗРО.
 
5.Оваа Одлука ќе биде објавена на веб-страната на Основен суд Куманово и истата стапува во сила, со денот на нејзиното донесување.
 
О б р а з л о ж е н и е 
 
           На 07.10.2020 година, во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, објавен е Јавен оглас бр.1/20 за вработување на неопределено време, на еден работник, извршител на работно место - Хигиеничар во Основен суд Куманово, со шифра СУД0401А03001.
Претседателот на Основен суд Куманово, по разгледување на доставените пријави со целокупната барана документација за кандидатите, за огласеното работно место, изврши избор на кандидат, односно одлучи како во изреката на оваа Одлука, а согласно чл.21 од ЗРО, со кандидат кој ги исполнува сите пропишани и барани услови за вршење на работата.
 
 
                                                                                                                  Претседател на Основен суд Куманово,
                                                                                                                                           С у д и ј а ,
                                                                                                                                       Снежана Манев
 
    
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_