ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/20 за РАБОТНО МЕСТО - РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИКА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/20 за РАБОТНО МЕСТО - РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИКА

Новости, Соопштенија за јавност  |  23.12.2020
Одлука за избор на кандидатот по интерен оглас бр.1/20 за работно место - Раководител на одделние за информатика
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
04 Су.бр. 1065/2020
22.12.2020 год.
КУМАНОВО
 
Претседателот на Основен суд Куманово, Судијата Снежана Манев, врз основа на член 43 ст.1 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 198/18), по спроведената постапка по објавениот Интерен оглас бр.1/20, за унапредување на судски службеник, за работно место „Раководител на одделение за информатика“ еден (1) извршител, по доставениот Предлог за најдобро рангиран кандидат Субр.852/20/2 од 22.12.2020 година, на Комисија за селекција за унапредување, на ден 22.12.2020 година, ја донесе следната:
 
 
О  Д  Л  У  К  А
 
За работно место „Раководител на одделение за информатика “ - еден (1) извршител, се избира кандидатот:
 
1.Новица Арсовски од Куманово
 
Решение за вработување за избраниот кандидат ќе се донесе по конечноста на оваа одлука, согласно чл.43 ст.9 од Законот за судска служба. 
 
 
О б р а з л о ж е н и е
 
Од страна на Основен суд Куманово, на 04.12.2020 година, на Веб интернет страница на Судот е објавен е Интерен оглас бр.1/20 за унапредување на судски службеник за работно место „Раководител на одделение за информатика “, еден (1) извршител.
 
По спроведената постапка за унапредување од страна на Комисијата за селекција за унапредување, согласно Законот за судска служба и Правилникот за форма и содржина на интерен оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерен оглас (Сл. Весник на РМ бр. 275/20 од 19.11.2020 година), до Претседателот на судот, доставена е Предлог-одлука за избор на прворангиран кандидат Субр.852/20/2 од 22.12.2020 година, за работно место место „Раководител на одделение за информатика“.
 
Со Предлог-одлуката за избор на прворангиран кандидат Субр.852/20/2 од 22.12.2020 година, за работно место место „Раководител на одделение за информатика“, еден (1) извршител, Комисијата за селекција за унапредување, го предложи кандидатиот Новица Арсовски од Куманово
 
          Претседателот на судот, имајќи ја во предвид Предлог-одлуката за избор на прворангиран кандидат Субр.852/20/2 од 22.12.2020 година, за работно место место „Раководител на одделение за информатика“, доставен од Комисијата за селекција за унапредување, согласно чл.42 ст.6 од Законот за судска служба, за работното место „Раководител на одделение за информатика “, еден (1) извршител, како и имајќи го во предвид 43 ст.1 од истиот закон, одлучи како во изреката на оваа одлука, односно, го избра кандидатот Новица Арсовски од Куманово, ул: „Октомвриска  Револуција“ бр.44/11, како прворангиран кандидат по спроведената постапка по Огласот бр.1/20 од 04.12.2020 година.
 
 
Претседател на суд,
Судија,
Снежана Манев
                       
    
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето, со одлука за извршениот избор до Советот на судска служба. (Жалбата се доставува преку Основен суд Куманово.) 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_