ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.2/20 за РАБОТНО МЕСТО - РАКОВОДИТЕЛ НА СТРУЧНО ПРАВНА СЛУЖБА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.2/20 за РАБОТНО МЕСТО - РАКОВОДИТЕЛ НА СТРУЧНО ПРАВНА СЛУЖБА

Новости, Соопштенија за јавност  |  23.11.2020
Одлука за избор на кандидатот по оглас бр.2/20 за работно место - Раководител на стручно правна служба

 

ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
04 Су.бр. 895/2020
23.11.2020 год.
КУМАНОВО
 
Претседателот на Основен суд Куманово, Судијата Снежана Манев, врз основа на член 17 ст.1 и чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 198/18), по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/20, за вработување на судски службеници, за работно место „Раководител на стручна правна служба“ еден (1) извршител, по доставениот Предлог за најдобро рангиран кандидат Субр.720/20/3 од 23.11.2020 година, на Комисија за селекција за вработување, на ден 23.11.2020 година, ја донесе следната:
 

 

О  Д  Л  У  К  А

 

 
За работно место „Раководител на стручна правна служба “ - еден (1) извршител, на неопределено време, се избира кандидатот:
 
1.Марта Крашовиќ од Куманово
 
Решение за вработување за избраниот кандидат ќе се донесе по конечноста на оваа одлука, согласно чл.37 ст.1 од Законот за судска служба. 
 
 
О б р а з л о ж е н и е

 

 
Од страна на Основен суд Куманово во дневните весници „Нова Македонија“ и ,,Лајм“ од 06.10.2020 година, објавен е Јавен оглас бр.2/20 за вработување на судски службеник за работно место „Раководител на стручна правна служба “, еден (1) извршител.
 
По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно Законот за судска служба и Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр. 236/18 од 24.12.2018 година), до Претседателот на судот, доставен е Предлог за најдобро рангиран кандидат Субр.720/20/3 од 23.11.2020 година, за работно место место „Раководител на стручна правна служба“.
 
Со Предлогот за најдобро рангиран кандидат, Субр.720/20/3 од 23.11.2020 година, за работното место „Раководител на стручна правна служба“, еден (1) извршител, Комисијата за селекција за вработување, го предложи кандидатиот Марта Крашовиќ од Куманово.
 
          Претседателот на судот, имајќи го во предвид Предлогот за најдобро рангиран кандидат Субр.720/20/3 од 23.11.2020 година, доставен од Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба, за работното место „Раководител на стручна правна служба “, еден (1) извршител, како и имајќи го о предвид чл.17 и чл.36 ст.1 од истиот закон, одлучи како во изреката на оваа одлука, односно, го избра кандидатот Марта Крашовиќ од Куманово, како најдобро рангиран кандидат по спроведената постапка по Огласот бр.2/20 од 06.10.2020 година.
 
 
Претседател на суд,
Судија,
Снежана Манев
                       
    
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето, со одлука за извршениот избор до Советот на судска служба. (Жалбата се доставува преку Основен суд Куманово.) 
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_