Јавен оглас 1/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/22

Новости, Соопштенија за јавност  |  15.12.2022
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/22
  
Основен суд Куманово
СУ-954/22
14.12.2022 година
Куманово
 
      Врз основа на член 17 ст.1, член 20 став 1 алинеја 1, член 21 став 1, член 25 и член 26 од Законот за судска служба (Сл.вeсник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/18 од 24.12.2018 година), Правилникот за  систематизација на работните места во Основен суд Куманово 04-Су-394/18-2 од 07.12.2018 година, како и согласноста од Министерот за финансии бр.08-1156/3 од 30.09.2022 година, Основен суд Куманово, на 14.12.2022 година објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022

       за вработување на 4 (четири) судски службеници:

 
1. Категорија В, ниво В-3 - Судски соработник - 2 извршитела
Услови за вршење на работа:
      - стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правен факултет 
      - положен правосуден испит
      - најмалку 1 години работно искуство во струката
     - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија ( англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми и канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место.
Нето плата за работно место од овој оглас – 29.580 денари;
Неделно работно време 40 часа; Дневно работно време 8 часа, од 07:30 часот до 15:30 часот
 
2. Категорија В, ниво В-1-Советник информатичар - 1 извршител
Услови за вршење на работа:
      - стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехнички факултет- електроинжинер-информатика, ПМФ- група информатика, ЈИЕ Универзитет за комуникациски науки и технологии-компјутерски науки, Факултет за информатички технологии и други сродни факултети од информатички науки и технологии 
     - најмалку 3 години работно искуство во струката 
     - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија ( англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми и канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место.
Нето плата за работно место од овој оглас – 32.912 денари;
Неделно работно време 40 часа; Дневно работно време 8 часа, од 07:30 часот до 15:30 часот
 
3. Категорија Г, ниво Г-1 - Самостоен судски референт -  водител на писарница-1 извршител
Услови за вршење на работа: 
- најмалку више или средно образование
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија ( англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми и канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место.
Нето плата за работно место од овој оглас – 22.072 денари;
Неделно работно време 40 часа; Дневно работно време 8 часа, од 07:30 часот до 15:30 часот
 
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места во Основен суд Куманово, кандидатите за наведените работни места треба да ги исполнуваат и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба: 
- да е државјанин на Република Македонија, 
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и 
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност. 
Кандидати, се должни да поднесат пополнета пријава за вработување на судски службеник (образец објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 236/18) со докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место на кое се пријавуваат во оригинал или копија заверена на нотар: 
- уверение/диплома за завршено соодветно образование
- уверение за положен правосуден испит 
- доказ за работно искуство,
-уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),
- лекарско уверение за општата здравствена состојба (не постаро од 6 месеци),
- уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (од судот не постаро од 6 месеци),
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Пријавата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во приемното одделение на судот, во работно време или по пошта на адреса: 
Основен суд Куманово,  ул. „ 11 Октомври“ бб Куманово (со назнака за Јавен оглас број - 1/2022)
 
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. 
Рокот за пријавување трае 15 (петнаесет) дена сметано од денот на  објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето).  
Постапката за селекција и вработување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административна селекција, на испитите, проверка на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Службен весник на Република Македонија бр.236/18). 
Кандидатите кои ќе ја поминат административната селекција полагаат писмен испит во просториите на Основен суд Куманово. 
Базата на прашања за полагање на писмениот испит и потребната литература за полагање се објавени на веб страната на Основен суд Куманово www.oskumanovo.mk во делот Брзи линкови - Прашања за вработување на судски службеници, додека пак пријавата за вработување на судски службеник истотака е достапна е на веб страната на Основен суд Куманово www.oskumanovo.mk, во делот Брзи линкови - рубрика формулари-документи-Пријава за вработување на судски службеник.

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе неточни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

 
Напомена: Кандидатите за судски службеници во постапката за вработување преку јавен оглас, под точка 1, 2 и 3, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник - дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).
 
Напомена: Кандидатите за судски службеници од точката 3,кандидатите за судски службеник кои го имаат завршено законски предвиденото ниво на образование, како и кандидатите со повисоко образование од минималното предвидено со огласот, да ги достават и свидетелствата кои им ги издало средното училиште, потребни за утврдување на општиот успех. 
 
Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на веб страната на Основен суд Куманово (www.oskumanovo.mk).
 
    ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_