Интерен оглас 1/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас 1/21

Новости, Соопштенија за јавност  |  20.12.2021
ИНТЕРЕН ОГЛАС 1/21

ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
СУ-1063/21
20.12.2021 година
Куманово

 

         Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба  („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ на РСМ бр.275/20), Правилникот за систематизација на работните места во Основен суд Куманово, како и согласноста од Министерот за финансии бр.18-10210/2 од 03.12.2021 година, на ден 20.12.2021 година:

 

ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/21

 

За унапредување на 2 судски службеникa 

Категорија Г, ниво Г-1 - Самостоен судски референт - водител на писарница - 2 извршителa


Услови за вршење на работите:

- најмалку више или средно образование;

- најмалку 3 години работно искуство во струката;

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место и - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија ( англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми и канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место.

Работни часови неделно 40 часа;

Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот;

Работни денови од понеделник до петок;

Нето плата 19.139,00 денари;

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветно ниво наведени во овој оглас, како и

Да е оценет со оценка “особено се истакнува” или “се истакнува” при последното оценување;
Да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
Да поминал најмалку 2 години на работното место  на кое е распореден и
Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас;

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

- уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено;

- доказ за работно искуство;

- сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено и

- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено;

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

- потврди за успешно реализирани обуки како посетител, не постари од 5 години

- потврди за успешно реализирани обуки како обучувач, не постари од 5 години

- потврди за успешно реализирано менторство како ментор

- потврди за успешно реализирано менторство како менториран

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ РСМ бр.275/20).

 


Пријава за интерен оглас

 

Основен суд Куманово

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_