СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости, Соопштенија за јавност  |  17.6.2022
Посета на Министерот за правда д-р. Никола Тупанчески во Основен суд Куманово
 

Денес, Министерот за правда д-р Никола Тупанчески, придружуван  од  Анастасија Ангеловска од Кабинет на министерот, оствари работна посета на Основниот суд Куманово во рамки на која имаше можност да ги запознае условите во кои работи судот, како и да ги пренесе активностите што ќе следат во рамки на реформите на правосудниот систем, посебно на започнатиот процес за дигитализација во судството.
На средбата присуствуваа В.Д Претседателот на судот, судија Снежана Манев, заменикот претседател на судот, а воедно и претседател на граѓански оддел, судија Вјолца Мора Бајрами и заменик претседател на Кривичниот оддел, судија Саша Ѓорѓевиќ со кои беа разменети мислења за текот на реформите во правосудниот систем во Република Северна Македонија, потребите на Основниот суд Куманово во однос на процесот на дигитализација, предизвиците кои претстојат, имплементацијата на овој процес и подготвеноста на судиите и судската служба во нивно брзо имплементирање, како би се постигнале европските стандарди во областа на владеење на правото .
Работната посета заврши со запознавање на Министерот за правда со човечките ресурси во судот, просторните и технички можности, особено на судниците во кои се очекува оваа година да се отпочне со нивно техничко и ентериерно уредување.

 

 
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_