Интерен оглас 1/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас 1/20

Новости, Соопштенија за јавност  |  04.12.2020
ИНТЕРЕН ОГЛАС 1/20
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
СУ-820/20
04.12.2020 година
К У М А Н О В О
 
Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба  („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ на РСМ бр.275/20), Правилникот за систематизација на работните места во Основен суд Куманово, како и согласноста од Министерот за финансии бр.18-5901/2 од 02.11.2020 година
 
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/20
 
За унапредување на 1 судски службеник
 
1. Категорија Б, ниво Б – 4
Раководител на Одделение за информатика - 1 извршител
 
Услови за вршење на работите:
Најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, дипломиран електро инжинер – информатика, ПМФ-група информатика, ЈИЕ Универзитет за комуникациски науки и технологии-компјутерски науки, Факултет за информатички технологии и други сродни факултети од информатички науки и технологии
Најмалку 4 години работно искуство во струката
 
Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните
работни компетенции:
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за
канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за
систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно со член 2 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.весник. на РМ бр.198/2018).
 
На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветно ниво наведени во овој оглас, како и
- Да е оценет со оценка “особено се истакнува” или “се истакнува” при последното оценување
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас
- Да поминал најмалку 2 години на работното место  на кое е распореден и 
- Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
 
 
Работни часови неделно 40 часа
Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот
Работни денови од понеделник до петок
Нето плата 31.068,00 денари
 
Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:
 
- уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено
- доказ за работно искуство
- сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено и
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено
 
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на
пријавување.
 
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
 
- потврди за успешно реализирани обуки како посетител, не постари од 5 години
- потврди за успешно реализирани обуки како обучувач, не постари од 5 години
- потврди за успешно реализирано менторство како ментор
- потврди за успешно реализирано менторство како менториран
 
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
 
Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата,
кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.
 
Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.
 
Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.
 
Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ РСМ бр.275/20).
 

 

Основен суд Куманово
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_